Стапчиња леб, исто така познати како грисини, грисино или стапчиња за потопување, се стапчиња со големина на молив направени од остар, сув печен леб кој има потекло од Пиемонт, регион во Италија.

Стапчиња леб

Историја

уреди

Се смета дека потекнува од далечната 1643 година, кога еден игумен од Фиренца опишал леб со долг облик што се правел во Ланзо Торинезе, надвор од Торино.[1][2] Традицијата кажува дека потекнува од регионот на Пиемонт во 17 век, кој бил измислен од страна на пекарот Антонио Брунеро, од Торино. Тоа било храна што била измислена за да биде полесно сварлива за војводата Виктор Амадеус II од Савој, кој имал дигестивни проблеми во неговото детство.[3][4]

Послужување

уреди

Во италијанско-американските ресторани, грисини или стапчиња леб, најчесто се понудени како предјадење.[5] Стапчињата леб може да се комбинираат со состојки како што е пршута и орев.

Во повеќето северноамерикански ресторани, грисините се многу меки, најчесто прелиени со путер, лук и сирење кога се служат како мезе; како десерт, може да се прелиаат со цимет, шеќер, и глазура.

Готови, сушени стапчиња леб може да се најдат на пазарите како брза ужина или предјадење пред оброк за домашна употреба, нешто слично на крекер. Најчесто се служат со некој вид на натопување, како сирење.[6]

Поинаков рецепт за грисини, наречени роскуилиетас, постои во Валенсија.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „The Nibble: Breadstick History“. www.thenibble.com. Посетено на 16 April 2018.
  2. „Grissini Recipe | Italian Breadsticks | Leite's Culinaria“. Leite's Culinaria (англиски). 11 November 2016. Посетено на 16 April 2018.
  3. cobblestonewebdesign.com. „The History of Grissini“. www.claudiosspecialtybreads.com. Архивирано од изворникот на 15 April 2018. Посетено на 16 April 2018.
  4. „The famous Grissini of Turin are traditional breadsticks - Dear Italy Piedmont“. Piedmont (англиски). 19 November 2014. Посетено на 16 April 2018.
  5. Joseph, Ryan (9 August 2018). „Why Olive Garden Serves Unlimited Breadsticks“. Thrillist. Посетено на 19 August 2018.
  6. „Creamy Swiss with Classic Breadsticks“. The Laughing Cow (англиски). Архивирано од изворникот на 17 April 2018. Посетено на 16 April 2018.
  7. „Aima Rosquilletas Artesanas Hechas a Mano · Castellón“. Aima Rosquilletas (шпански). Посетено на 16 April 2018.