Ѓеврек
Ѓеврекот е вид на печиво со прстенест облик вообичаено посипан со сусам или поретко со мак или сончогледови семки. Карактеристичен е за кујните во земјите од бившата Отоманско Царство и Блискиот Исток.
Вид | леб |
---|---|
Регион | Источна Европа и Западна Азија |
Главни состојки | брашно, сусам |
Во Македонија има два вида на ѓевреци, обичен и варен ѓеврек.
Име
уредиЗборот ѓеврек е од турско потекло и истиот значи крцкав, крт.
Потекло
уредиЃеврекот има долга историја. Архивски извори кажуваат дека ѓеврекот се произведувал во Истанбул во 1525 година[1], а судски списи од 1593 година даваат информација за првата стандардизација на тежината и цената[2]. Евлија Челебија, патописец од XVII век, запишал дека во триесеттите години на овој век, во Истанбул имало 70 пекарници за ѓевреци[3].
Ѓеврекот и неговите варијанти биле прифатени ширум Отоманското Царство.
Гастрономија
уредиЃеврекот најчесто се јаде за појадок или ужина, сам или во комбинација со некој пијалак како јогурт или ајран.
Ѓеврекот се продава во продава во продавниците за печива, во бурекчилниците, и на улици од улични продавачи – ѓеврекчии. Ѓеврекчиите имаат колички затворени со стакло во кои ги носат ѓевреците.
Наводи
уреди- ↑ Sahillioğlu, Halil. "Osmanlılarda Narh Müessesesi ve 1525 Yılı Sonunda İstanbul’da Fiyatlar" Belgelerle Türk Tarihi 2 (The Narh Institution in the Ottoman Empire and the Prices in Istanbul in Late 1525. Documents in Turkish History 2) (Kasım 1967): 56
- ↑ Ünsal, Artun. Susamlı Halkanın Tılsımı.[The Secret of the Ring with Sesames] İstanbul: YKY, 2010: 45
- ↑ Evliya Çelebi Seyahatnâmesi Kitap I. [The Seyahatname Book I] (Prof. Dr. Robert Dankoff, Seyit Ali Kahraman, Yücel Dağlı). İstanbul: YKY, 2006: 231