Станислав Улам
Станислав Марсин Улам (полски: Stanisław Marcin Ulam; 13 април 1909 – 13 мај 1984) бил полско-американски математичар. Учествувал во Проектот Менхетн, од каде настанал Телер-Уламовиот дизајн за термојадрено оружје. Го измислил методот Монте Карло со кој го пресметал и го предложил јадрениот пулсни погон. Докажал неколку теории и предложил неколку хипотези.
Животопис
уредиУлам е роден во богат полско еврејско семејство, во Лембергу, на 13 април 1909 година. Студирал математика на Политехничкиот институт во Лавов ( Lwów Polytechnic Institute), каде докторирал во 1933 година под менторство на Казимир Куратовски. Во 1935, Џон фон Нојман, кого Улам го запознал во Варшава, го повикал да дојде во Институтот за напредни студии во Принстон (Њу Џерси, САД), на неколку месеци. Од 1936 до 1939 година, поминал година во Полска и академска година на Универзитетот Харвард во Кембриџ (Масачусетс), каде што работел на утврдување на значајни резултати во ергодичката теорија. На ден 20.август 1939 година, последен пат отпловил за Америка со својот 17-годишни брат Адам. Станал доцент на Универзитетот Висконсин-Медисон во 1940 година, а граѓанин на САД во 1941 година.
Во октомври 1943 година, добил покана од Ханс Бете да се приклучи на проектот Менхетн во тајната национална лабораторија Лос Аламос во Ново Мексико. Тука работел на хидродинамички пресметки кои предвидуваат однесување на експлозивни сочива кои се користат кај имплозивните оружја. Распореден е во група со Едвард Телер, со кого работел на „Супер“ бомбата.
Библиографија
уреди- Kac, Mark; Ulam, Stanisław (1968). Mathematics and Logic: Retrospect and Prospects. New York: Praeger. ISBN 978-0-486-67085-0. OCLC 24847821.
- Ulam, Stanisław (1974). Beyer, W. A.; Mycielski and, J.; Rota, G.-C. (уред.). Sets, Numbers, and Universes: selected works. Mathematicians of Our Time. 9. The MIT Press, Cambridge, Mass.-London. ISBN 978-0-262-02108-1. MR 0441664.
- Ulam, Stanisław (1960). A Collection of Mathematical Problems'. New York: Interscience Publishers. OCLC 526673.
- Ulam, Stanisław (1983). Adventures of a Mathematician. New York: Charles Scribner's Sons. ISBN 978-0-684-14391-0. OCLC 1528346. (Аутобиографија).
- Ulam, Stanisław (1986). Science, Computers, and People: From the Tree of Mathematics. Boston: Birkhauser. ISBN 978-3-7643-3276-1. OCLC 11260216.
- Ulam, Stanisław; Ulam, Françoise (1990). Analogies Between Analogies: The Mathematical Reports of S.M. Ulam and his Los Alamos Collaborators. Berkeley: University of California Press. ISBN 978-0-520-05290-1. OCLC 20318499.
Литература
уреди- Ulam, S. M (1983). Adventures of a Mathematician. New York: Charles Scribner's Sons. стр. 9–15. ISBN 9780684143910. OCLC 1528346.