Станбен објект на ул. „Јанко Михајловски“ бр. 11 и 13 (Кичево)

повеќеделна градба во Кичево

Станбен објект на ул. „Јанко Михајловски“ бр. 11 и 13куќа во градот Кичево. Поради интересната архитектура со неокласични и неоренесансни елементи, прогласена е за значајно културно наследство на Македонија.[1] Реставрирана е во 2015 г.[2]

Станбен објект на ул. „Јанко Михајловски“ бр. 11 и 13
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилнеоренесансен, неокласичен
Адресаул. „Јанко Михајловски“ бр. 11 и 13
ГрадКичево
Земја Македонија
Завршена1934
Технички податоци
Катови2+1

Архитектура

уреди

Куќата се наоѓа во јужниот дел на градскиот центар, на рамен терен со челна фасада кон улицата „Јанко Михајловски“ и североисточна насоченост. Изградена е во 1934 г. и претставува двокуќа, при што делот на бр. 11 има облик на буквата Г, додека пак таа на бр. 13 е неправилна, условена од нејзината поставеност на аголот од две улици. Во минатото биле две посебни куќи во некогашна низа од три објекти. Обете се состојат од подрум, приземје и кат со поткровје.[1]

Изградени се од тули со масовни ѕидови и дрвена меѓукатна конструкција. Покривот има фалцувани керемиди.[1]

Трите фасади на двете куќи – североисточната влезна, северозападната странична и југозападната дворна образуваат една стилска целина. Единствено југоисточната фасада нема никакви украси — на неа до приземната висина е залепена соседната куќа, а остатокот е малтерисан. Украсените фасади имаат украсно обликувани пиластри, хоризонтални профилирани поделбени веници, опшиви со гипс на вратите и прозорците, профилирани покривни венци, украсно обработени огради на балконите со обликувани стоплчиња (на бр. 13) и ограда од ковано железо (бр. 11), украсни столпчиња кај парапетите на прозорците, гипсени орнаменти на ѕидовите, како и комбинација на геометриски и растителни елементи на тимпаноните, гирланди на ѕидовите. Украсите се изведени под влијанието на неоренесансата и неокласицизмот.[1]

Делот на бр. 13 има средишно поставен хол, поделен на два дела со преграден ѕид на кој има двокрилни врати. Првиот дел е влезна просторија, а вториот служи за вертикално и хоризонтално поврзување, каде е скалиштето за катот, излезот кон дворот и вратите кон просториите лево и десно. На катот ист отака има средиштен хол поделен на две — делот над влезната просторија е дневен престој и има излез на балконот на централната фасада, а западниот дел исто така за поврзување. Со ходник се поврзани собите десно и тој води до балконот на северозападната фасада. Делот на бр. 11 има независно приземје. На катот има тесен ходник кој се прекршува под прав агол. Во првиот крак на ходникот се наоѓаат елипсести скали за вертикално поврзување, а вториот дел служи за хоризонтално поврзување со собите.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Стамбен објект на ул. "Јанко Михајловски" бр. 11-13“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 26 октомври 2017.
  2. „Реставрирана фасада на староградска куќа во Кичево“. kicevo.mk. 13 февруари 2015. Посетено на 31 јануари 2022.