Стадион 974
Стадион 974 (арап. استاد 974, порано Стадион Рас Абу Абуд) — фудбалски стадион во Рас Абу Абуд, Доха, Катар. Овој стадион бил отворен на 30 ноември 2021 година, и е еден од осумте стадиони во Катар каде ќе се играат натпреварите од Светското првенство во фудбал во 2022 година. По завршувањето на првенството, Стадионот 974 нема повеќе да се користи, односно ќе биде извршена деконструкција на истиот.
Стадион 974 | |
---|---|
Место | Рас Абу Абуд, Катар |
Започнат | 2018 |
Отворен | 30 ноември 2021 |
Сопственик | |
Подлога | Трева |
Архитект | Fenwick Iribarren Architects |
Игра | |
Гледачи | 40.000 |
Дизајн и изградба
уредиКонцептот на стадионот бил дизајниран од страна на шпанската компанија Fenwick Iribarren Architects.[1] [2] Стадионот се наоѓа на вештачки гребен, и е изграден на брег од 450.000 квадратни метри. Како и некои од останатите стадиони, овој стадион има модуларен дизајн. Направен е од 974 рециклирани контејнери за транспорт во чест на индустриската историја на локацијата и меѓународниот повикувачки број за Катар (+974).[3] Некои од овие контејнери содржат скали, штандови и тоалети. По завршувањето на првенството, контејнерите и седиштата ќе бидат демонтирани и донирани на некои од неразвиените земји во светот. Стадионот 974 е првиот привремен стадион во историјата на Светското првенство на ФИФА.[4] [5]
Стадионот е еден од осумте што се пренаменети за Светското првенство на ФИФА во Катар 2022 година. Процесот за пренамена на стадионот започнал во 2017 година. Во изградбата на стадионот учествувале HBK Contracting Company (HBK),[6] DCB-QA, Time Qatar, Fenwick Iribarren Architects (FI-A), Schlaich Bergermann Partner и Hilson Maron.[7] [8]
Стадионот добил четири ѕвезди од Глобалниот систем за проценка на одржливост (GSAS).[9]
Историја
уредиСтадионот првично бил најавен под името Стадион Рас Абу Абуд. За време на настанот организиран по повод отворањето на стадионот на 20 ноември 2021 година, стадионот официјално бил преименуван во Стадион 974.[3]
Првиот натпревар на Стадионот 974 се одржал на 30 ноември 2021 година на денот на отворањето на Арапскиот куп на ФИФА, помеѓу Обединетите Арапски Емирати и Сирија.[10] Стадионот бил домаќин на пет натпревари за време на Арапскиот куп на ФИФА 2021 година.[11]
Светско првенство во ФИФА 2022 година
уредиСтадионот 974 ќе биде домаќин на седум натпревари од Светското првенство во фудбал во 2022 година.
Датум | Време | Тим бр. 1 | Резултат | Тим бр. 2 | Рунда | Присуство |
---|---|---|---|---|---|---|
22 ноември 2022 година | 19:00 часот | Мексико | 0–0 | Полска | Група Ц | |
24 ноември 2022 година | 19:00 часот | Португалија | 3–2 | Гана | Група Х | |
26 ноември 2022 година | 19:00 часот | Франција | 2–1 | Данска | Група Д | |
28 ноември 2022 година | 19:00 часот | Бразил | – | Швајцарија | Група Г | |
30 ноември 2022 година | 22:00 часот | Полска | – | Аргентина | Група Ц | |
2 декември 2022 година | 22:00 часот | Србија | – | Швајцарија | Група Г | |
5 декември 2022 година | 22:00 часот | Победникот од група Г | – | Второпласираниот од група Х | Осминафинале |
Наводи
уреди- ↑ „A Modular, Demountable Stadium Built From Shipping Containers Will Be Erected for Qatar 2022 World Cup“. archdaily.com. 28 November 2017. Посетено на 14 October 2021.
- ↑ „Stadium 974“. stadiumdb.com. Посетено на 21 April 2022.
- ↑ 3,0 3,1 „Demountable stadium built with shipping containers reaches completion in Qatar“. Dezeen (англиски). 2021-11-24. Посетено на 2022-01-06.
- ↑ „Stadium 974 in Doha Container becomes icon“. moresports.network. 9 February 2022. Посетено на 14 April 2022.
- ↑ „Ras Abu Aboud Stadium Makes Steady Progress“. albawaba.com. 26 August 2020. Посетено на 12 January 2021.
- ↑ „Qatari firm wins contract for Ras Abu Aboud World Cup Stadium“. thepeninsulaqatar.com. 29 May 2018. Посетено на 7 October 2021.
- ↑ „Ras Abu Aboud Stadium, Doha, Qatar“. designbuild-network.com. 20 June 2018. Посетено на 14 April 2022.
- ↑ „Qatar unveils designs for Ras Abu Aboud while Khalifa Stadium gets 4-stars“. inhabitat.com. 28 November 2017. Посетено на 7 October 2021.
- ↑ „Qatar unveils designs for Ras Abu Aboud while Khalifa Stadium gets 4-stars“. insideworldfootball.com. 14 October 2021. Посетено на 18 October 2021.
- ↑ „UAE vs. Syria 2 - 1“. us.soccerway.com. Посетено на 21 April 2022.
- ↑ „2021 FIFA Arab Cup: Participating teams, fixtures and all you need to know“. vymaps.com. 18 December 2021. Посетено на 21 April 2022.