Средоземна Дакија

Средоземна Дакија (латински: Dacia Mediterranea; грчки: Δακία Μεσόγειος) ― доцноантичка римска провинција, чиј главен град бил Сердика (или Сардика; подоцна Средец или Срадец, денешна Софија).

Провинција Средоземна Дакија
Provincia Dacia Mediterranea
Επαρχία Δακίας Μεσογείου (грчки)
Провинција на Римската Империја

320ти–околу 602
Местоположба на Средоземна Дакија
Местоположба на Средоземна Дакија
Северен Балкан, вклучително и Средоземна Дакија, во 6 век
Главен град Сердика
Историја
 -  Повлекување од Трајанова Дакија, создавање на Аврелијанова Дакија 271
 -  Поделба на Поречна Дакија 320ти
 -  Разурнување од страна на аварската инвазија околу 602

Датумот за основање на Средоземна Дакија е несигурен. Традиционално било сметано дека е основана во исто време со Поречна Дакија (латински: Dacia Ripensis), при што двете провинции биле издвоени од поранешната Аврелијанова Дакија (Dacia Aureliana) како дел од диоклецијановото преструктуирање на римските провинции во текот на 290-тите. Меѓутоа, бидејќи Средоземна Дакија содржела градови кои никогаш не биле дел од Аврелијанова Дакија (како што е Наисус), сега се верува дека провинцијата била основана во 320-тите, за време на владеењето на Константин I, и била створена со територија преземена од провинциите Дарданија, Тракија и поделбата на Поречна Дакија (при што Поречна Дакија го изгубила главниот град Сердика, град кој претходно бил и главен град на Аврелијанова Дакија).[1]

Лежејќи веднаш јужно од Поречна Дакија, провинцијата била управувана од конзулар (consularis).[2] Во 535 година, императорот Јустинијан I (527-565) ја создал Архиепископијата Јустинијана Прима како регионален примат со црковна јурисдикција над сите провинции на Диецезата Дакија, вклучувајќи ја и провинцијата Средоземна Дакија.[3] За тоа време тој, исто така, ги зајакнал утврдувањата на различни градови во покраината, вклучувајќи ги Сердика, Наисус, Германија (денешна Сапарева Бања) и Пауталија (денешен Ќустендил). Тој исто така додал тврдини на постоечките градови, како што е Ремесијана (кај Бела Паланка).[4]

Средоземна Дакија била зафатена со пустошење на аварската и словенската инвазија од крајот на VI и почетокот на VII век, и била изгубена во исто време со Диецезата Дакија, иако мали места во провинцијата продолжиле да останат во римски раце, како на пр. Сердика и нејзината непосредна околина. Овие југоисточни остатоци на крајот биле припоени во Темата Тракија кон крајот на VII век.

Наводи

уреди
  1. Mócsy 2014, стр. 274.
  2. Nicholson 2018, стр. 449.
  3. Turlej 2016, стр. 47-86.
  4. Turlej 2016, стр. 104-105.

Извори

уреди

 

  • Cvjetićanin, Tatjana (2006). Late Roman Glazed Pottery: Glazed Pottery from Moesia Prima, Dacia Ripensis, Dacia Mediterranea and Dardania. Belgrade: National Museum. ISBN 9788672690880.
  • Grumeza, Ion (2009). Dacia: Land of Transylvania, Cornerstone of Ancient Eastern Europe. Lanham: Hamilton Books. ISBN 9780761844662.
  • Mócsy, András (2014) [1974]. Pannonia and Upper Moesia: A History of the Middle Danube Provinces of the Roman Empire. New York: Routledge. ISBN 9781317754251.
  • Nicholson, Oliver (2018). The Oxford Dictionary of Late Antiquity. Oxford: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-256246-3.
  • Snively, Carolyn S. (2005). „Dacia Mediterranea and Macedonia Secunda in the Sixth Century: A Question of Influence on Church Architecture“ (PDF). Niš and Byzantium. 3: 213–224.
  • Southern, Pat (2001). The Roman Empire from Severus to Constantine. London and New York: Routledge. ISBN 9781134553815.
  • Turlej, Stanisław (2016). Justiniana Prima: An Underestimated Aspect of Justinian's Church Policy. Krakow: Jagiellonian University Press. ISBN 9788323395560.
  • Zeiller, Jacques (1918). Les origines chrétiennes dans les provinces danubiennes de l'Empire romain. Paris: E. De Boccard.