Средновековни споменици во Косово
Средновековни споменици во Косово (албански: Monumentet Mesjetare në Kosovë; Српски: Средњовековни споменици на Косову) — место на светско наследство кое се состои од четири српски православни христијански цркви и манастири кои го претставуваат спојот на источната православна византиска и западната романска црковна архитектура за да го формираат палеолошкиот ренесансен стил. Изградбата е основана од членовите на династијата Немањиќ, најважната династија на Србија во средниот век. Локациите се наоѓаат во Косово.
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Во насока на стрелките на часовникот од горе лево: Црква на Патријаршиски манастир во Пеќ, Пресвета Богородица од Љевиш, Црква Високи Дечани, прозорец во Високи Дечани, Црква Грачаница, фреска на Христос кај Пресвета Богородица Љевиш | |
Место | Косово[1] |
Вклучува | |
Навод | 724bis |
Во 2004 година, УНЕСКО го призна Дечанскиот манастир за неговата извонредна универзална вредност. Две години подоцна, местото на наследството било проширено како сериска номинација, за да вклучи уште три верски споменици: Патријаршијата во Пеќскиот манастир, Пресвета Богородица од Љевиш и манастирот Грачаница.
Во 2006 година имотот бил впишан на листата на светско наследство во опасност поради тешкотиите во неговото управување и конзервација кои произлегуваат од политичката нестабилност во регионот.[2]
Контроверзност на УНЕСКО
уредиВо тек е полемика околу кандидатурата на Косово да се приклучи на УНЕСКО, што би резултирало со тоа локалитетите да бидат наведени како дел од Косово, а не како дел од Србија.[3] Овие споменици биле нападнати, особено за време на етничкото насилство во 2004 година, за време на владеењето на УНМИК на Косово, кога Богородица од Љевиш била тешко оштетена.[4][5][6][7] Во октомври 2015 година Косово било препорачано за членство од страна на Извршниот одбор на УНЕСКО. Понудата за членство била изгласана на Генералната конференција на УНЕСКО во ноември 2015 година.[8]
УНЕСКО не го прифатил Косово како членка, предлогот не успеал да добие двотретинско мнозинство на Генералната конференција на организацијата во Париз на 9 ноември 2015 година.[9][10] Една од основните причини за ваквото отфрлање на албанското барање[11][12][13] се немирите во 2004 година на Косово, кога 35 православни цркви биле осквернавени, оштетени или уништени,[14][15] вклучувајќи ја и Пресвета Богородица од Љевиш која е Светско наследство.[16][17] Црквата е подложна на постојан грабеж - дури и од нејзиниот градежен материјал, конкретно вредно олово постојано е крадено од покривот.[18]
Галерија
уреди-
Патриаршиски манастир во Пеќ
-
Пресвета Богородица од Љевиш
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Средновековни споменици во Косово
- ↑ World Heritage Committee puts Medieval Monuments in Kosovo on Danger List and extends site in Andorra, ending this year’s inscriptions, UNESCO World Heritage Centre, July 13, 2006.
- ↑ „Controversy Rages Over Kosovo's UNESCO Membership“, Radio Free Europe, October 22, 2015
- ↑ „Safeguarding of Cultural Heritage in Kosovo“. UNESCO. 2005.
- ↑ „Protection and Preservation of Cultural Heritage in Kosovo“ (PDF). UNESCO. 2005. стр. 7, 8.
- ↑ „The Violence: Ethnic Albanian Attacks on Serbs and Roma“. Human Rights Watch. July 2004.
- ↑ „Reconstruction Implementation Commission for Serbian Orthodox Religious Sites in Kosovo“. Council of Europe. 2005.
- ↑ „Kosovo Moves Closer To UNESCO Membership“.
- ↑ „UNESCO General Conference rejects membership for Kosovo“.
- ↑ „UNESCO Rejects Membership for Kosovo in Victory for Serbia - The New York Times“. www.nytimes.com. Архивирано од изворникот на 2015-11-10.
- ↑ „FM: Albania files request for Kosovo's UNESCO admission“.
- ↑ „Albania Applied for Kosovo's Admission to UNESCO - Independent.mk“. Архивирано од изворникот на 2017-05-29. Посетено на 2015-11-09.
- ↑ „Kosovo hopes to join UNESCO; vows to protect Serb heritage - Business Insider“. www.businessinsider.com. Архивирано од изворникот на 2015-12-22.
- ↑ RIC, RECONSTRUCTION IMPLEMENTATION COMMISSION FOR ORTHODOX RELIGIOUS SITES IN KOSOVO ACTIVITY REPORT
- ↑ „Six years since March violence in Kosovo“. B92. 17 March 2010. Посетено на 7 September 2015.
- ↑ For details and photos see here: http://www.spc.rs/eng/prizren_our_lady_ljevis_xiv_century_burnt_inside_photo_2232004 Архивирано на 20 декември 2013 г.
- ↑ „Eighth anniversary of violence against KiM Serbs“. OrthoChristian.Com. Посетено на 2022-09-30.
- ↑ See the link: „News | Orthodoxy Cognate PAGE – International Orthodox Christian News“. Архивирано од изворникот на 2015-12-23. Посетено на 2015-11-09.
Надворешни врски
уреди- Средновековни споменици во Косово на Ризницата ?
- Средновековни споменици во Косово на официјалната локација на УНЕСКО
- Средновековни споменици во Косово, Национална туристичка организација на Србија
- Средновековни споменици во Косово Архивирано на 19 јануари 2013 г., „Учи го светот“