Спомен-костурница (Струмица)
Спомен-костурницата во Струмица — спомен-костурница изграден на ридот Самораница на 327 метри надморска висина. Комплексот е вклучен во Списокот на Културно наследство на Македонија.
Спомен Костурница | |
---|---|
Поглед кон споменикот | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Струмица" does not exist | |
Општи податоци | |
Стил | мермер |
Град | Струмица |
Земја | Македонија |
Координати | 41°25′54″N 22°38′7″E / 41.43167° СГШ; 22.63528° ИГД |
Почната | 1979 |
Завршена | 4 јули 1982 |
Сопственик | Општина Струмица |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Благој Колев |
Историја
уредиИзградбата на меморијалниот комплекс започнала во 1979 година, а на 4 јули 1982 година со свечен чин биле пренесени моштите на загинатите борци во НОВ и положени во саркофагот. Во саркофагот се наоѓале посмртните останки на: Благој Јанков - Мучето, Герас Цунев, Сандо Масев, Васил Сурчев, Киро Абрашев, Иљо Шопов, Јанко Цветинов и Димитар Цветинов.
Опис
уредиМеморијалниот комплекс е дело е на архитектот Благој Колев, и истиот е изграден од бел мермер. На висорамнинката е аулата со саркофагот од кафеав мермер. Аулата има 2 врати влез - излез и е во форма на полукруг, осветлена од три странични прозора и еден централен. Висорамнинката е градено во замисла на отворен амфитеатар, а мермерните платна се во форма на раскинати ланци, раскинето ропство.
Пишаните стихови пред влезот во аулата се на Коце Солунски: Татковино огниште разгоривте, древни темели зацврстивте, простор немирлив засводивте, во својата срцевина[1].
Галерија
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди„Спомен-костурница (Струмица)“ на Ризницата ? |