Споменик Гоце Делчев (Струмица)

споменик посветен на Гоце Делчев и на револуционерната организација во Струмица

Споменикот Гоце Делчев — споменик кој се наоѓа во градот Струмица, Македонија.

Споменик Гоце Делчев
Поглед кон споменикот Гоце Делчев
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Струмица" does not exist
Општи податоци
МестоОпштина Струмица
Адресаул. Благој Јанков Мучето б.б.
ГрадСтрумица
ЗемјаМакедонија Македонија
Координати41°26′19.5″N 22°38′13.8″E / 41.438750° СГШ; 22.637167° ИГД / 41.438750; 22.637167
Надм. височина256 метри
Почната1973
Завршена1976
Обновена2010
СопственикОпштина Струмица
Проектирање и изградба
АрхитектБранко Конески
Мирјана Волинец
Споменикот „Гоце Делчев“ пред реконструкцијата

Конкурс

уреди

Во 1972 година бил распишан анонимен југословенски конкурс на кој учество зеле осум познати македонски вајари со 13 решенија. На конкурсот учествувале Бранко Конески, Илија Аџиески, Драган Поповски - Дада, Борко Митриќески, Александар Ивановски Карадаре, Томе Андреевски и Максим Димановски. Дури по повторената селекција, во која биле поставени и дополнителни барања (вклучително и обликување на плоштадот каде ќе биде поставен споменикот), било одобрено решението на академскиот ликовен уметник Бранко Конески а партерното решение било на архитектот Мирјана Волинец, и двајцата од Скопје.

Изградбата на споменикот била по повод стогодишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Реализацијата на споменикот започнала во 1973 година, а завршила на 11 октомври 1976 година.

Опис

уреди

Доминантна е скулптурата од лиена бронза на Гоце Делчев во натприродна висина од 5,20 м. со симболична претстава на повик на борба за слобода, поставена на постамент.

Тематско-иконографски, фигурата го претставува Делчев како симбол на повикот на борба за слобода и сугерира дека неговата сила на револуционер не е во оружјето туку во идејата за покренување на организацијата во извршувањето на својот идеал. Колосалната статуа го претставува го претставува Гоце Делчев зачекорен со десната нога што е свиткана во коленото како момент на опора и го повлекува динамизмот во акција. Двете раце му се широко раширени во едно закрилничко, благо движење. Делчев е облечен со гуна која е предадена со поедноставни атрибути на селско-комитска униформа. Доста е наметлива анатомско-пластичната изместеност и пренагласеност на слободата во решението на рацете, што наметнува изнасилување во некои детали и на горниот дел од облеката, Стилски тргнувајќи од реалистичка постапка, статуата е решавана со подвлекување на рамни линии и површини, геометризација, наместа непотребно нагласена масивост на одредени детали како на пример на десните долни дипли на гоцевата наметка-туна. Оваа обработка со остри, четвртести, коцкесто-кубистички поедноставувања е забележлива и врз главата на Гоце.

На споменикот стои натписот:

Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите


Лево и десно од скулптурата на Гоце Делчев се прилепени две мермерни платна со релјеф на кои се поставени 16 фигури на револуционери со висина од над 2 метри, исто така поставени во движење со различити изрази на лицата[1]. Овие фигури го сугерираат одговорот на народот по повикот на Делчев. Разновидните енергични или опуштени ставови и движења, нагласено со различни изрази на лицето на овие 16 фигури, облечени слично како и Делчев, наметнуваат една натегната конструктивност. Ликовите и носиите не се поврзани за еден крај од Македонија и треба да ја сугерираат присутноста на Делчев во настаните од тоа време. Пред реконструкцијата на спомениците, зад мермерните платна се аоѓаа записи, заклетви и архивски материјал.

Денеска споменикот се наоѓа на истоимениот плоштад[2]. За последен пат, споменикот бил реновиран во 2010 година.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди