Гуна или гуња - селска топла горна облека сошиена од шајак.[1] Била изработена од клашна од природна темна волна, поставена, долга до колената и украсена со гајтани. Гуната претставувала статусен симбол, го изразувал социјалниот и економскиот статус на личност што го носела. Била носена сѐ до втората половина на 19 век.[2]

ИсторијаУреди

Гуната се користела уште во среден вексредниот век, а неговото име настанало од грчкиот и латински збор gunna што значи крзно или кожув. На почетокот на 14 век гуната претставувал едноставен волнен покривач и наметка, со време стана вид капут со долги ракави, за да се трансформира во елек без ракави.[3] Гуните ги изработувале терзии и абаџии од сукна, чоја или шајак. На почетокот бил дел од секојдневната носија, а со време станал дел од свечена традиционална облека. На почетокот на 20 век гуната сѐ помалку се носела, бидејќи тогаш продира модерната градска носија, која била поевтина и подостапна.

Изглед и изработка на гунатаУреди

Гуната ретко се произведувала во домашна изведба, главно била изработувана во работилници. Жените подготвувала груб текстил – аба, од кој се изработувала гуната. Главно тоа била ткаенина од волна, ретко од козина, која се ткаела на хоризонтален разбој .[3] После ткаењето, платното се валало во валавици за да се добие покомпактна текстура. Постапката на валање се комбинирало со удари со дрвени удиралки и вода. После валањето и сушењето, ткаенината се боела. Гуните можело да имаат украси и везови, украсите на гуните биле изработувани со пришивање на парчиња сукна, а везот бил изведуван на основата со волнени и свилени гајтани. Гајтанот се усукувал, а потоа се зацврстувал на облеката. Некои занаетчии имале чираци чија единствена задача била да усукуваат гајтани. Колку што гајтаните биле пораскошни тоа значело дека нарачателот бил побогат и дека занаетчијата бил многу вешт. Украсувањето на гуната можело да трае и по неколку месеци, во зависност од сложеноста на украсите. [3]

Аџиите на аџилак носеле гуна изработена од тенка црна чоја со широки ракави без украси која се викала либаде.[4]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „гуна“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Македонска енциклопедија. I. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 416.
  3. 3,0 3,1 3,2 "Гуњ кроз векове". Iskon mode. 28.10.2017. Посетено на 15.10.2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  4. РЕЧНИК НА ТУРЦИЗМИ, АРХАИЗМИ, ДИЈАЛЕКТИЗМИ И РЕТКО УПОТРЕБУВАНИ ЗБОРОВИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК од Толе Белчев

ЛитератураУреди

  • Ј. Милка, Народна ношња у Србији у XIX веку, Српски етнографски зборник XCII, 1979.

Надворешни врскиУреди