Споменик на депортираните Евреи (Штип)

Споменикот на депортираните Евреи — споменик издигнат во чест на депортираните Евреи од Штип за време на Втората светска војна. Подигнат е во 1985 гододина и е дело на уметникот Методи Андонов. Споменикот го симболизира животниот пат на Евреите. Според авторот „линијата на животот“ е прекината на 11 март 1943 година кога 551 лица биле депортирани од Штип и убиени во концентрациониот логор Треблинка. Споменикот се наоѓа до зградата на Заводот и Музеј - Штип.[1]

Споменик на депортираните Евреи
Поглед кон споменикот
Карта
Општи податоци
ГрадШтип
ЗемјаМакедонија
Завршена1985
СопственикОпштина Штип
Проектирање и изградба
ИнженерМетоди Андонов
Бугарскиот окупатор ги товари македонските евреи во вагоните на бугарската државна железница (БДЖ).

На 1 март 2013 година споменикот бил цел на вандалски чин, при половина од железната менора во горниот дел бил искршен.[2]

Наводи

уреди
  1. „Споменик на Евреите“. Општина Штип. 2005. Посетено на 2011-07-03.
  2. „Оштетен споменикот на Евреите во Штип“. Курир. 2 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-03-04. Посетено на 2013-03-02.