Споменик на велешките илинденци

Споменикот на велешките илинденци претставува „Војвода на коњ“, склуптура поставена во центарот на град Велес, помеѓу градскиот саат и споменикот на Кочо Рацин. Посветен е на велешките војводи, учесници во ослободувањето на Крушево и создавањето на славната Крушевска Република: Јован Наумов - Алабакот, Андреја Димов - Докурчев и Тодор Христов - Офицерчето, како и на сите борци за слобода на Македонија.

Мономенталниот споменик е дело на академскиот вајар Ангел Коруновски, излиен е во бронза, тежок два тони и заедно со постаментот е висок 6 метри.