Тодор Христов - Офицерчето
Тодор Христов познат како Офицерчето — македонски револуционер, бугарски офицер, член и раководител на Македонската револуционерна организација,[1] учесник во Илинденското востание и еден од членовите на Горскиот штаб на Крушевската востаничка околија.[2]
Тодор Христов | ||
Роден | 1878 Софија, Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 21 септември 1903 Виљач, Македонија |
Животопис
уредиХристов е роден 1878 година во Софиjа.[3] Некои извори го посочуваат градот Велес како негово родно место, но всушност неговите родители, кои се преселиле во Софија, биле од таму.[4] Завршил прв прогимназиски клас. Студирал во Военото училиште во Софија, каде што завршува во 1902 година и започнува служба во Петтиот полк.
На почетокот на пролетта 1903 година ја напушта службата и заминува за Македонија, каде влегува во четата на Питу Гули, која дејствува во Крушевско.
На Смилевскиот конгрес бил избран за член Горското началство за Крушевскиот реон. За време на Илинденското востание е еден од раководителите на одбраната на Крушевската република.
На крајот од востанието на 21 септември, заедно со 18 четници води борба на планината Виљач, Скопско-Прешевско. Во борбата Тодор Христов и 11 четници загинале.[5][6][7]
Извори
уреди- ↑ Кратка биография на Тодор Христов
- ↑ Историја на Крушево и Крушевско, Од постанокот на градот до поделбата на Македонија, книга прва, Крушево, 1978
- ↑ Елдъров, Светозар. Снежана Радоева. Подпоручик Тодор Христов-Офицерчето (1883 - 1903). С., Издателство „Парадигма“, 2019, 191 стр. ISBN 978-954-326-389-9.
- ↑ Сп. „Македонски преглед“ XLІI (3). София, МНИ, 2019. с. 150-154.
- ↑ Македонски научен институт
- ↑ Гоцев, Славчо. „Илинденското въстание в Скопския революционен окръг“
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001., стр.181
Литература
уреди- Историја на македонскиот народ, Просветно дело, Скопје, 1972.