Споменик на Минин и Пожарски
Споменикот посветен на Димитриј Пожарски и Кузма Минин (руски: Памятник Минину и Пожарскому) претставува бронзена[1] статуа која се наоѓа на Црвениот плоштад во Москва, Русија, во дворот на црквата Свети Василиј[2]. Споменикот е посветен на принцот Димитриј Пожарски и Кузма Минин, како резултат на протерувањето на полските војски од Московскиот кремљ во текот на 17 век.
Споменик Минин и Пожарски Памятник Минину и Пожарскому | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Црвен плоштад, Москва |
Земја | Русија |
Споменикот бил подигнат за време на 200-годишнината од ослободувањето на Москва. Како главни скулптури биле избрани Иван Мартос во 1808 година. Но, веднаш по овој избор започнала инвазијата на Наполеон Бонапарт, и самиот споменик не бил откриен до 1818 година. Во почетокот постоела дилема дали статуата да биде поставена во Нижни Новгород или во Москва. Сепак, императорот Александар I се решил да биде поставен пред црквата Свети Василиј на Црвениот плоштад.
По заземањето на власта од страна на Болшевиците, комунистите започнале со расчистување на Црвениот плоштад. Голем број на објекти биле разрушени. Во врска со споменикот, се водела дилема дали и тој да биде срушен. Сепак, во 1936 година било решено статуата да не се сруши, туку да биде преместена поблиску до соборниот храм, каде се наоѓа и денес.
Реставрацијата на овој споменик започна во ноември 2020 година, тие не го отстранија споменикот од сегашната локација за таа цел, над него беше изграден посебен павилјон. Реставрацијата ја извршија Меѓурегионалниот Оддел за Научна И Реставраторска Уметност (МНРХУ) и Работилницата за Реставрација На Наследството. Акцијата беше поддржана од Владимир Машков, григориј Лепс, Игор Уголников, Оксана Федорова, текла Толстаја, меѓу другите. Најголем приватен придонес даде Владимир Груздев.[3]
Наводи
уреди- ↑ Се верува дека споменикот е изработен од месинг.
- ↑ http://www.waymarking.com/waymarks/WM2FGR_Minin_and_Pozharsky_Red_Square_Moscow
- ↑ „Груздев Владимир Сергеевич“. TAdviser.ru. Посетено на 2023-05-13.
„Споменик на Минин и Пожарски“ на Ризницата ? |