Споменикот на Гемиџиите претставува монументален споменик во Скопје. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект Скопје 2014 и бил поставен на 27 јули2010 година. Фигурите се изработени од бронза и се излеани во Фиренца, а поставувањето го вршат стручни тимови од италијанскиот град.[1] Автор на споменикот е уметникот Ангел Коруновски. Постаментот го изградил хрватски „Конструктор“, а надзорот бил на „Македонија проект“. Вкупната вредност на споменикот е 970.000 евра. Одлуката за поставување на овој споменик ја донел советот на општината Центар во јуни 2008 година.[2]