Споменик на Гемиџиите (Велес)

За истоимениот споменик во Скопје, видете тука

На левиот брег на реката Вардар во Велес, на уредено плато на кејот се издига споменикот посветен на Гемиџиите.

Поглед кон споменикот

Споменикот е поставен во чест на големиот јубилеј „100 години Илинденско востание - 100 години македонска државност“. Импозантниот споменик висок 6,5 метри, претставува сплет од 12 зраци што ги симболизираат дванаесетмината Гемиџии, кои во предвечерјето на Илинденското востание ги извршија познатите Солунски атентати, во обид да го свртат вниманието на Европа кон македонското прашање.

Споменикот е дело на академскиот вајар Станко Павлевски. Крај споменикот е поставена плоча со имињата на гемиџиите на која е испишана нивната историска порака „Се арчиме за Македонија“. Споменикот во неколку навради бил цел на вандализми.[1]

Наводи

уреди
  1. „По десетти пат осквернавен споменикот на Гемиџиите“. еРепортер. 27 април 2010. Архивирано од изворникот на 2010-04-29. Посетено на 2011-08-05.