Список на кинески филозофи
список на статии на Викимедија
Конфуцијански филозофи
уреди- Конфуциј, највлијателниот кинески филозоф на сите времиња.
- Менг-це, идеалист кој тврдел дека добротијата е природно својство на човекот.
- Сјин-це — се отцепил од гледиштата на Менг-це, и тврдел дека моралноста не е вродена, туку научена.
- Ѕесе
- Дунг Џунгшу — го вметнал јин-јангот во конфуцијански етички рамки.
- Ванг Манг — цар кој сакал да создаде слога и добросостојба во општеството, но испаднале големи нереди.
- Гао-це
- Ванг Фу — се залагал за конфуцијанско државно уредување.
- Ценг-це
- Џенг Сјуен
- Јен Јуен
Неоконфуцијански филозофи
уреди- Џоу Дунји — тврдел дека метафизиката и етиката се неодвоиви.
- Џенг Ји — станал непријател на другите филозофи, и како последица на тоа неговите дела биле забранети.
- Ченг Хао — брат на Ченг Ји.
- Џу Си — рационалист и предводник на Школата на раководното начело.
- Чен Хунгмоу — се залагал за расна и полова еднаквост во образованието.
- Ванг Фуџе — сметал дека учењето на Конфуциј со време се искривоколчило, па затоа пишувал свои осврти.
- Ванг Јангминг, идеалист и предводник на „Школата на умот“.
- Ли Џе — проповедал облик на морален релативизам.
- Чен Дехунг — понатаму ја развил Јангминговата „Школата на умот“.
- Сји Ај — ревносен следбеник на Ванг Јангминг.
- Хуанг Цунгсји — еден од првите неоконфуцијанци кој ја нагласувал потребата од уставно право.
- Џан Жуошуеј — доживотен пријател на Ванг Јангминг.
- Хан Ји — претходник на неоконфуцијанството, есеист и поет.
- Лу Џујуен — моралното поведение го гледал како последица на интуитивните увиди во суштината на стварноста.
- Шао Јунг — се сметал за еден од најголемите ерудити на своето време.
- Су Ше — истакнат писател од времето на династијата Сунг.
- Је Ше — ја нагласувал на изучувањето на практични нешта и примената на конфуцијанските доктрини во секојдневните проблеми.
- Џанг Цај — сè се состои од „чи“, и таа вистина објаснува сè.
- Лај Џеде — го создал знакот тајџиту.
- Ли Ао
Таоистички филозофи
уреди- Лао-це, наводен основач на таоизмот и автор на делото „Тао Те Чинг“ („Книга за патот“).
- Џуанг-це — мистичен и релативистички скептик.
- Лие Јикоу — автор на таоистичкото дело „Лие-це“
- Гуо Сјанг
- Ванг Би — филозоф од времето на Трите кралства
- Џанг Санфенг
- Ге Хунг
- Јанг Сјунг
- Џоу Јан — ги споил теориите за јин-јангот и Петте елементи.
- Сун-це — автор на „Умешноста на војувањето“.
Будистички филозофи
уреди- Хуејненг, шестиот будистички поглавар на чан (зен) будизмот во Кина. Го создал концептот „нема ум“.
- Линџи — основач на Линџиевата школа на чан (зен) будизмот во Кина, чиј огранок е Ринцајската школа во Јапонија.
- Џаоџоу — прочуен зен мајстор во текот на VIII век, истакнат по неговата мудрост. Бил познат по неговите суптилни наставни методи и употребата на коани.
- Џицанг
- Сенгџао
- Ји Сјинг
- Џе Дун
- Сјуенцанг
- Хуејјуен
- Мо-це — утилитаријанец и основач на моистичката школа.
- Лу Бан
Легалистички филозофи
уреди- Хуеј Ше — релативистички логичар — влијаел на Џуангце.
- Гунгсу Лунг — логичар познат по своите парадокси.
Тешки за категоризирање
уреди- Пан Пингге — го критикувал неоконфуцијанството, велејќи дека вистината треба да се бара во секодневието.
- Дај Џен — изнел два аргумента против неоконфуцијанството.
- Фан Џен — го негирал постоењето на реинкарнацијата и двојството на телото и душата.
- Гуејгу-це
- Хуан Тан
- Ванг Чунг
- Џи Ху
- Ма Жунг
- Шен Дао
- Шен Куо
- Сјимен Бао
- Јанг Џу
Современи филозофи
уреди- Мао Це Тунг
- Фенг Јоулан — рационалист кои ги обединил неоконфуцијанската, таоистичката и западната метафизика.
- Џин Јуелин — логичар, позитивист.
- Ту Веј-минг — етичар.
- Моу Цунгсан
- Танг Џинји
- Ванг Жуошуеј
- Сјунг Шели
- Јанг Жунггуо
- Џанг Дунгсун