Спиро Џеров
македонски револуционер
Спиро Џеров-Македонски ( 1834 во Битола — 17 јули 1868 во месноста Булуџа) — македонски револуционер.[1]
Спиро Џеров | ||
Роден | Спиро Џеров-Македонски 1834 Битола, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 17 јули 1868 м. Булуџа, Бугарија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | револуционер | |
Роднини | Климент Џеров (брат) |
Животопис
уредиЏеров потекнува од трговско и револуционерно семејство. Подготвувал заговор во Битолско во 1862 година, кога бил уапсен и осуден на смрт. Издржал пет години робија. По ослободувањето зел учество во Критското востание во 1866 година. Се активирал да организира ново востание во Битолско и во Крушевско во 1867 година. Учествувал во ослободителните борби во Србија, Романија и во Бугарија, каде што загинал.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џиков“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1639. Text "series " ignored (help)