Црква „Св. Ахил и Св. Благовештение“

катедрала во Гребен, Егејска Македонија

Свети Ахил и Свето Благовештение (грчки: Ιερός Μητροπολιτικός Ναός Αγίου Αχιλλίου & Ευαγγελισμού της Θεοτόκου) — црква во градот Гребен, Егејска Македонија. Претставува катедрален храм на Гребенската епархија на Цариградската патријаршија..[1]

Свети Ахил и Свето Благовештение
Αγίου Αχιλλίου & Ευαγγελισμού
Карта
40°5′2.9″N 21°25′29.7″E / 40.084139° СГШ; 21.424917° ИГД / 40.084139; 21.424917
МестоГребен
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1908
Управа
ЕпархијаГребенска

Историја уреди

Камен-темелникот на храмот е поставен на 13 јуни 1908 г. за време на митрополитот Агатангел Гребенски. Црквата првично го ноисела името „Св. Ахил“ и и претставувала куполна базилика со закосувања на покривот, релативно ретка за своето време. Во архитектурата се забележуваат европски влијанија. Во 1922 г. митрополитот Емилијан II Гребенски ја обновил внатрешноста на храмот, кога е поставен и сегашниот иконостас, дело на светогорски монаси. Иконите на него исто така се светогорски — творби на јеромонахот Серафим од Кареја. Иконата на Благовештението е опкована со злато. Иконите се подарок од митрополитот Емилијан и од истакнати гребенски семејства. За време на митрополитот Филип Гребенски, поради проблеми со покривот, храмот е целосно преизграден — урната е куполата, покривот е снижен, двете проширувања на запад се срушени и на нивно место се подигнати две камбанарии. Изградена е и женска црква. Живописувањето на храмот почнало во 1987 г. за време на митрополитот Сергиј Гребенски. Манолис Јанусис од Периволи во олтарот ја насликал Пресвета Богородица Поширока од небесата. Останатите фрески се дело на зографот Аристотелис Варсамис од Мавронорес.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Τζιόλας, Αλέξανδρος (26 мај 2017). „O Iερός Ναός της Ευαγγελίστριας Γρεβενών το 1911 (τότε Ι.Ν. Αγίου Αχιλλείου)“. Greveniotis.gr. Архивирано од изворникот на 2017-10-06. Посетено на 2022-06-12. Занемарен непознатиот параметар |accesss-date= (help)