Рио Браво (филм од 1959)

Рио Браво (англиски: Rio Bravo) - американски филм од 1959 година, во режија на Хауард Хокс. Главните улоги ги играат: Џон Вејн, Дин Мартин, Рики Нелсон, Енџи Дикинсон, Волтер Бренан, Џон Расел, Педро Гонсалес-Гонсалес, Естрелита Родригес, Волтер Барнс, итн. Филмот, кој се смета за еден од најславните, најценети и највлијателни вестерн-филмови на сите времиња, претставува обработка на расказот на Б. Х. Мек Кембел. Притоа, Хокс го снимил овој филм како одговор на филмот „Точно на пладне“ на Фред Цинеман. Инаку, ова е жанровски нетипичен филм кој посветува големо внимание на карактерите на главните ликови и на нивните сложени односи, а за сметка на класичната вестерн-приказна. Музиката за филмот е дело на композиторот Димитри Тјомкин, добитник на четири награди „Оскар“.[1]

Рио Браво (1959 постер)

Содржина уреди

Дејството на филмот се одвива во областа Президио, во Тексас, во доцните 1860-ти. Една вечер, поради убиство на ненаоружан човек, шерифот Џон Т. Ченс (го игра Вејн) го апси каубојот Џо Бурдет (го игра Ејкинс), кој му е брат на земјопоседникот Нејтан Бурдет (го игра Расел), најбогатиот и најмоќниот човек во областа. Шерифот знае дека Нејтан ќе се обиде да го извлече својот брат од затворот, со помош на своите 40 платеници, додека единствените помошници на шерифот се еден пијаница и еден инвалид. Меѓутоа, кога во градот ќе пристигне сточарот Пат Вилер (го игра Бонд), шерифот го запознава младиот револвераш Рајан, наречен Колорадо (го игра Нелсон). Истиот ден, патувајќи до Форт Ворт, во градот пристигнува поштенската кочија во која се наоѓа и убавата лажливка Федерс (ја игра Дикинсон) за која е распишана потерница. Следната ноќ, некој подмолно го убива Вилер и тогаш шерифот сфаќа дека пресметката со платениците на Нејтан Бурдет веќе започнала и дека неговиот живот е во сериозна опасност...[1]

Наводи уреди