Прва битка кај Марна

Првата битка кај Марна (француски: Première bataille de la Marne) — битка од Првата светска војна која се одвила во периодот од 6 до 10 септември 1914 година[1]. Битката резултирала со победа на Сојузниците против германските армии на запад. Битката претставувала кулминација на германскиот напредок во Франција и нејзиниот стремеж за освојување на градот Париз. Сојузничките сили составени од шест француски бригади и Британскиот експедиционален корпус по должината на реката Марна ја принудиле Царската германска армија да се повлече од северозапад, што довело до Првата битка кај реката Ена итн. Трката до морето. И покрај тоа што Сојузниците победиле во битката, сепак истата довела и до четиригодишен ќор-сокак на Западниот фронт.

Прва битка кај Марна
Дел од Западен фронт во Прва светска војна
Датум 6–12 септември 1914
Место Марна, Франција
49°1′N 3°23′E / 49.017° СГШ; 3.383° ИГД / 49.017; 3.383
Исход Француско-британска победа
Завојувани страни
Трета Француска Република Франција
Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Обединето Кралство
Германско Царство Германија
Команданти и водачи
Трета Француска Република Жозеф Жофр
Трета Француска Република Жозеф Галиени
Германско Царство Хелмут фон Молтке
Сила
1,071,000
39 француски бригади
6 британски бригади
1,485,000 (на 2 август)
27 германски бригади
Жртви и загуби
Франција: 85,000
Обединето Кралство: 1,701
67,700

Битката на Марна претставува главната пресвртница на Првата светска војна. До крајот на август 1914 година, целата сојузничка војска на Западниот фронт била принудена да се повлече кон Париз. Во меѓувреме двете главни германски армии продолжиле со своите напредоци низ Франција. Во овој период се сметало дека Париз ќе биде освоен доколку Французите и Британците се повлечат и бидат поразени на реката Марна. Битката била првиот голем судир на Западниот фронт и една од најважните настани во текот на војната. Германското повлекување придонело да Германија го напушти Шлифеновиот план по кое станало јасно дека Германија нема да има шанса до брза победа. Нејзината војска била оставена да се бори на два фронта.

Наводи уреди

  1. „Battle of the Marne: 6-10 September 1914“. BBC History. 2014. Посетено на 12 January 2018.

Надворешни врски уреди

Поврзано уреди