Љубница (Љумница или Љумничка Река[1]; грчки: Νεροφάγωμα) — река во Мегленско, Егејска Македонија и Гевгелија во Р Македонија. Реките Црна и Љубница го оцртуваат источниот дел на планината од запад и од исток. Во северна насока планината се нарекува Грипа или Мајадаг,[2] (Νεροφάγωμα)[3] а во јужен правец планината се спушта стрмно кон Гуменџе и Ениџе Вардар, каде се наоѓа највисокиот врв на планината Гандач.[1][2]

Љубница
Νεροφάγωμα
Местоположба
ЗемјиГрција и Македонија
КрајМегленско и Гевгелиско, Егејска и Вардарска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоПајак
 • координати41°05′18″N 22°19′50″E / 41.0882° СГШ; 22.3305° ИГД / 41.0882; 22.3305
Устие 
 • место
Конска Река кај Гевгелија
 • координати
41°07′31″N 22°28′33″E / 41.1253° СГШ; 22.4758° ИГД / 41.1253; 22.4758
Особености на сливот
Љубница (река) во рамките на Егејска Македонија
извор
утока

Реката извира од северниот дел на планината Пајак, образувана од неколку потоци што извираат северно од врвовите Јаребична и Мусов Гроб. Тече под влашкото името Валија Мади во источен правец. Минува северно од селото Љумница (Љубница), каде е наречена Вале Мари. Свртува на север, ја прима поголемата притока Пистирика и повторно зазема источен правец под името Дрок, а потоа како Мала Река. Ја сече границата источно од пирамидата бр. 64 и се влева во Конска Река јужно од Гевгелија.[4]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Бабев, Иван (2009). Македонска голгота. София: ТАНГРА ТанНакРа ИК. стр. 92. ISBN 978-954-378-050-1.
  2. 2,0 2,1 Шалдевъ, Христо (1930). „Областьта Боймия в Югозападна Македония“ (PDF). Македонски прегледъ. София: Издава Македонскиятъ наученъ институтъ. VI (1): 52.
  3. Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 440. ISBN 978-960-86676-6-2.
  4. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“