Трајче Грујоски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: Народно-ослободителна → Народноослободителна
Ред 13:
'''Трајче Грујоски''' бил општествено-политички деец, еден од организаторите на НОБ во Битолско, политичар, судија и универзитетски професор.
 
Роден е на 19 август 1921 година во село [[Раково]], Леринско, Грција. Основно и средно образование завршил во [[Битола]]. Бил член на [[СКОЈ]] од 1938 година, а од 1940 и на [[КПЈ|Комунистичката партија на Југославија]]. Еден е од организаторите и првоборците на Народно-ослободителнатаНародноослободителната и антифашистичка војна на Македонија од 1941 до 1945 година (носител е на „Партизанска споменица 1941“), а во 1942 година бугарскиот фашистички суд го осудил – во отсуство – на 15 години строг затвор. Бил борец на Битолскиот НОПО Јане Сандански во 1942, инструктор на Леринскиот НОПО Вичо, политички комесар на чета во Битолскиот НОПО „Гоце Делчев“ во 1943, член на Вториот областен комитет на КПМ во 1943 и заменик-политички комесар на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ.
 
По Ослободувањето дипломирал на Правно-економски факултет во Скопје, а потоа се здобил со титула доктор на науки. Беше редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на битолскиот „Св. Климент Охридски“. Автор е на повеќе дела од општествено-економскиот и политичкиот систем.