Мартин Костовски: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија Функционер|name=Мартин Костовски|birth_name=Мартин Костовски|caption=|office=Пратен...
(нема разлика)

Преработка од 18:21, 25 октомври 2020

Мартин Костовски (31 мај 1983, Куманово) - е македонски политичар и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Мартин Костовски
Пратеник на Собранието на Македонија
Лични податоци
Роден(а) Мартин Костовски
31 мај 1983(1983-05-31)(40 г.)
Куманово, Република Македонија
Државјанство Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Деца 2
Образование Правен факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Занимање политичар

Образование

Основно и средно училиште завршува во Куманово.

Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Кариера

Својата правничка кариера Костовски ја започнува во 2007 година како помлад асистент во адвокатска канцеларија.

Во 2008  година работи како асистент за односи со јавност во Општина Куманово, потоа до 2011 како помлад соработник за поддршка на меѓународна промоција на општината, а до 2014 година работи и како  раководител на одделението за меѓународна соработка на општината и на одделението за инспекциски надзор во урбанистичко-градежна и комунална дејност, животна средина и угостителско-туристичка дејност.

Во својата кариера работел и како раководител на Секторот за меѓународна сорботка и евроинтеграции во општина Куманово каде што работи до неговото именување за директор на Службениот весник на Република Македонија во 2017 година.

Во 2020 година влегува како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Подолг период е претседател на Општинската организација на СДСМ во Куманово.