Голешница: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Изворно уредување 2017
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
| coordinates_ref =
}}
'''Голешница''' — средновисока [[планина]] во средишниот дел на [[Македонија]].<ref>{{наведена книга|last=Географско друштво на СР македонија|title=Географски разгледи|publisher=Друштво|location=Скопје|date=1989|edition=27-30}}</ref> Всушност му припаѓа на источниот дел од масивот [[Мокра Планина]], но од него е морфолошки одвоена. Се наоѓа помеѓу горните делови од речните долини на [[Кадина Река]] и [[Тополка]], со правец на протегање запад–исток. Зафаќа површина од {{км2|197}}. Највисоки точки се врвовите [[Лисец (Голешница)|Лисец]] (1.935 м) и [[Сипичан]] (1.789 м). На север преку својата огранка [[Османбежица]] (1.730 м) и гребенот Дрмос се спојува со [[Китка]], додека на запад преку Сипичан директно се поврзува со главниот јазол на целиот масив односно со [[Бегово Поле]] и врвовите [[Пржал]] и [[Солунска Глава]]. Самото име ни покажува дека е сиромашна со шуми, односно дека е обесшумена, што придонесло да се развие интензивна рецентна [[ерозија]]. Таа е потпомогната и со големите наклони кои се карактеристични за северните и јужните падини.<ref>{{наведена книга|last=Земјоделско-шумарски факултет|title=Годишен зборник: Annuaire. Sylviculture. Шумарство|publisher=Универзитет во Скопје|date=1970}}</ref>
 
==Галерија==