Герион: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 12:56, 21 октомври 2013

Герион (грчки: Γηρυών) од старогрчката митологија е џин со три тела, син на џинот Хрисаор и океанидата Калироја[1].

Борбата на Герион и Херакле
Лувр, Париз
Герион и кучето Орт
Национална библиотека, Париз

Митологија

Според Стесихор, Герион имал 6 раце, 6 нозе и крилја [2]. Според описот на Есхил, пак, неговото тело било составено од 3 човечки тела. Држел три копја во трите десни раце и три штита во левите, на главата имал три шлема. [3].

Герион живеел на островот Еритеја, кој се наоѓал во средината на Океанот. Таму, тој одгледувал стадо прекрасни говеда кое го чувале џинот Евритион и двоглавото куче Орт.

Тоа стадо многу го посакувал за себе микенскиот крал Евристеј, и му наредил на големиот јунак Херакле по секоја цена да го доведе стадото во Микена. Херакле морал, по наредба на Зевс да ги слуша сите барања од микенскиот крал.

Смртта на Герион

На патот кон островот Еритеја Херакле ја преминал либиската пустина и бил лут заради горештината, па фрлил стрела кон Хелиј, богот на Сонцето. Хелиј го молел да престане, а Херакле му го барал големиот златен пехар кој потоа го користел за да плови по морето. Така стигнал до Еритеј.

Таму, уште на брегот од островот се соочил со двоглавото куче Орт кое по кратка борба го убил со својот боздоган. Кога Евритион, кој го чувал стадото, ја слушнал бучавата и вревата од борбата, дошол да му помогне на Орт, но Херакле и него го убил. Тогаш дотрчал и Герион, вооружен со три копја. Борбата со него била жестока и тешка, но на крај, Херакле успеал да го убие со стрела натопена во отровната крв на Лернејската хидра (со помош на божицата Атина). По овој, десетти подвиг на Херакле, тој направил светилиште на Герион во Агирија[4], а црвените крави му ги однел на Евристеј во Микена, кој ѝ ги принел на Хера како жртва.

Герион во уметноста

 
Данте и Вергилиј на грбот од Герион кон осмиот круг, резба од Гистав Дире

Во антиката Герион е претставуван како џин со тројно тело што се гледа на:

  • Херакле во борба со Герион“ - Вазна од 540 година пред наша ера, Лувр, Париз;
  • Херакле во борба со Герион“ - Вазна од 550 г.п.н.е., Градски музеј, Арезе;
  • Герион“ - Фреска во етрурска гробница, 210 г.п.н.е., Таркванија;
  • Герион“ - мозаик, 200 г.п.н.е., Музеј Бардо, Тунис.

На Герион е посветена поемата на Стесихор „Герионеида“ во антиката, но во ренесансата ликовите од античката митологија биле повторно оживеани.

Бокачо во својата Генеалогија на боговете (I, 21) раскажува дека „царувајќи на Балеарските Острови Герион со кротко лице и ласкави зборови го привлекувал гостите, но потоа ги убвал“.

Данте во својата Божествена комедија го сместил Герион во Пеколот меѓу седмиот и осмиот круг и го опишува како чудовиште со едно тело, со човечки лик, змиско тело, канџи и крилја. Всушност, во него се споени три суштества: човечко, ѕверско и влекачко. Влезот на осмиот круг е длабока јама во која не може да се влезе, па во тоа, на Данте и Вергилиј им помага Герион пренесувајќи ги на својот грб[5].

Надворешни врски

Наводи

  1. Хесиод, Теогонија 287-290. 979-983; Стесихор, Герионеида, 184
  2. Стесихор, Герионеида, фр.229
  3. Есхил, Хераклиди, фр.74
  4. Диодор Сицилиски, Историска библиотека IV 24, 3
  5. Данте Алигиери „Пеколот“, (песна 17), препев Георги Сталев; Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга; Скопје, 1982
  • Војтех Замаровски, Јунаци на античките митови, Лексикон на грчката и римската митологија, Загреб 1985, стр. 113.