Орт, Ортр или Ортар (грчки: Όρθρος; латински: Orthus) во старогрчката митологија е двоглаво куче, син на Тифон и Ехидна.

Убиениот Орт под нозете на Херакле и Герион
Црвенофигурална вазна

Митологија

уреди

Орт му бил брат на многу попознатиот Кербер и татко на Сфингата. Некои преданија го опишуваат како куче со седум змејски глави.[1] Тој на островот Еритија ги чувал говедата на Герион заедно со овчарот Евритион. Еден од подвизите на Херакле бил да му ги донесе тие говеда на Евристеј кои биле прочуени по својата убавина. За да ја изврши таа задача Херакле ги убил Орт и Евритион, а потоа и џинот Герион.[2]

Наводи

уреди
  1. Војтех Замаровски, Јунаците на античките митови, Лексикон на грчката и римската митологија, Загреб 1985, стр. 251.
  2. Цермановиќ-Кузмановиќ, А. & Драгослав Срејовиќ, 1992, Лексикон на религии и митови, Современа администрација, Белград.

Надворешни врски

уреди