Стар Свет: Разлика помеѓу преработките

збирен поим за Европа, Африка и Азија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: мини|десно|250п|Карта на „стариот свет“ ([[Птоломеј, копија о...
(нема разлика)

Преработка од 13:59, 31 мај 2011

Стариот свет е поим што се однесува на светот како што бил познат во антиката и средниот век. Се користи во контекст на и наспроти „Новиот свет“ (т.е. Америка).

Карта на „стариот свет“ (Птоломеј, копија од XV век)

Во стариот свет спаѓаат Африка, Азија и Европа (збирно наречени Афроевроазија) и околните острови (или барем оние краишта за кои се знаело пред XV век).

Поимувањето за светот како целина од три континенти датира од антиката. Птоломеј и другите антички географи ги исцртувале границите на светот долж реките Нил и Дон. Ова гледиште предоминирало и во текот на средниот век и раниот Нов век.

Поврзано

Наводи