Сопот (археолошко наоѓалиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Сопот

Карта

Местоположба 41°53′57″N 21°52′6″E / 41.89917° СГШ; 21.86833° ИГД / 41.89917; 21.86833
Основни податоци
Место Сопот
Тип

 осамени наоди


Период римско време
Портал „Археологија“

Сопот археолошко наоѓалиште во светиниколското село Сопот. Претставува осамени наоди од римско време.

Во 1968 година од дворот на селската црква Музејот од Штип прибрал два споменика. Едниот, изваден од оградниот ѕид на дворот, претставува надгробна плоча од мермер во облик на медалјон кој на едната страна (примарната) има релјефна претстава на Тракиски коњаник, додека на другата семејна претстава (маж, жена и дете) во барелјеф. Вториот споменик е дел од [[архитравна греда од гнајс на кој има старогрчки натпис во неколку редови и се наоѓал покрај северниот ѕид на црквата.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 359, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069