Сонети за Орфеј (германски: Die Sonette an Orpheus) - циклуси песни на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.

Осврт кон сонетите

уреди

Рилке напишал два циклуса сонети посветени на митолошкиот пејач Орфеј: едниот циклус се состои од 26 сонети, додека вториот дел го сочинуваат 29 сонети. Сонетите биле напишани помеѓу 2. и 23 февруари 1922 година, во швајцарскиот замок Мизо. Главни мотиви и теми на сонетите се: идеалниот лик на „внатрешна девојка“, односот меѓу уметноста и животот, воспевање на земскиот живот, единството на светот, единството на смртта и животот, бунтот кон современата индустриска цивилизација итн. Некои од сонетите се инспирирани или посветени на неговиот прерано починат братучед Егон фон Рилке, на Вера Оукама Кноп, на нејзината мајка Гертруда, како и на „еден Верин пријател“, а според зборовите на самиот Рилке, 16. сонет од првиот дел е посветен на едно куче.[1]

Наводи

уреди
  1. Rajner Marija Rilke, Soneti i elegije. Beograd: Mali vrt, 2011, стр. 92-95.