Соборна црква „Рождество Христово“ (Кишињев)

Соборна црква „Рождество Христово“ (романски: Catedrala Mitropolitană „Nașterea Domnului”) — главната соборна црква на Молдавската православна црква во Секторот Центар, Кишињев, Молдавија. Била нарачана од гувернерот на Новорусија, принцот Михаил Семјонович Воронцов и митрополитот Гаврил Банулеску-Бодони во 1830 година.

Соборна црква „Рождество Христово“
Catedrala Mitropolitană
„Nașterea Domnului”
Карта
47°01′33.8″N 28°50′04.3″E / 47.026056° СГШ; 28.834528° ИГД / 47.026056; 28.834528
МестоКишињев
ЗемјаМолдавија
ВероисповедПравославна црква
Историја
Посветена наИсус
Посветена15 октомври 1836
Архитектура
СтатусСоборна црква
Архитект(и)Аврам Мелников
СтилАмпир
Физички особености
Должина37,44 м

Соборната црква била изградена во 1830-тите во неокласичен стил од Аврам Мелников (кој проектирал слична црква во Болград). Соборната црква била бомбардирана за време на Втората светска војна, а нејзината камбанарија била уништена од месните комунисти во 1962 година. Новата камбанарија е изградена во 1997 година. За време на советското раздобје, богослужбата била забранета, а соборната црква била претворена во изложбен дом.

Дизајнот на Мелников е неокласичен. Фасадата е многу едноставна и јасна со шест дорски столбови на влезот. Поради бројните разурнувања што ги претрпела соборната црква низ времето, зградата неколкупати била обновувана и бил менуван нејзиниот облик. На пример, сегашната цинкова купола и нејзиниот крст на врвот се додаток од 1997 година изграден врз претходната структура. Внатрешноста била целосно празна за време на советското раздобје, но денес има насликани ѕидови во чист православен стил.

Поврзано

уреди
  • Катедралата Преображение во Одеса
  • Молдавската православна црква

Надворешни врски

уреди