Смаил-ага Ченгиќ
Смаил-ага Ченгиќ (* 1780, † 23 септември 1840) — османлиски ага и генерал на османската војска од бошњачка народност.
Смаил-ага Ченгиќ | |
---|---|
Починал | 23 септември 1840 Мљетичак, Никшиќ, Херцеговски Пашалак, денес Црна Гора |
Држава | Османско Царство |
Служба | 1809–40 |
Битки/војни | Прво српско востание (1809–13) Големо босанско востание (1831–2) Битка кај Грахово (1836) |
Во 1831-1832 година, како османлиски генерал, се борел против Хусеин Градашчевиќ, водачот на босанскиот бунт против османлиските власти.
Смаил-ага Ченгиќ бил убиен од Новица Церовиќ како одмазда за убиството на помладиот брат на црногорскиот кнез-владика Петар Петровиќ-Његош. Неговата смрт го вдахновила Иван Мажураниќ да ја напише епската поема „Смртта на Смаил-ага Ченгиќ“.[1][2][3]
Животопис
уредиДетство
уредиРоден е во 1778 или 1780 година во селото Јелашце[4] во Босанскиот Санџак, 35 км од Калиновик (сегашна Босна и Херцеговина). Татко му Ибрахим бил од семејството Ченгиќи, едно од најистакнатите османлиски бошњачки семејства.[4] Неговиот татко починал кога тој бил уште мал.[4]
1809-1813
уредиКако млад офицер и млад генерал, тој се борел против српските востаници од 1809 до 1813 година за време на Првото српско востание и од 1809 до 1810 година против востаниците во Египет.
1814-?
уредиОколу 1814 година дошол во Гацко и се населил во околината на Черница. Оттаму се преселил во Липник кај Хавтовац. Во Липник, како капудан, изградил мала џамија, позната како Ченгиќева кула и неколку станбени згради. Изградил неколку кули во поширокото подрачје на Гацко и Источна Херцеговина и неколку вили и куќи во Мала Грачаница, Срѓевци, Лукавица, Фојница и Черница.[1] [5][6]
1835 година
уредиВо 1835 година Смаил-ага и пашата од Плевља се договориле да го убијат дробњачкиот српски православен свештеник Милутин Церовиќ. Церовиќ бил убиен од Османлиите среде град и бил обезглавен.[7] Синот на Церовиќ, Новица, поглавар на Дробњак, заедно со другите племенски поглавари, ги обвиниле Османлиите за неговата смрт.[4]
Источна Херцеговина (1836-1838)
уредиВо 1836 година, племенските поглавари од околината на Грахово, на северната црногорска граница со Херцеговина, кои сè уште биле феудалци на муслиманските гувернери на Херцеговина, одбиле да го платат арач, што го плаќале возрасните немуслимани. Бидејќи им била потребна помош однадвор, тие се прогласиле за поданици на црногорскиот владикаПетар II Петровиќ-Његош и ја добиле поддршката од Црна Гора. Али-паша Ризванбеговиќ, тогашен везир од Мостар, решил да го задуши бунтот и на почетокот на август го нападнал Грахово. Кога градот паднал, тој и наредил на својата војска да ги лови бунтовниците и да го изгори градот до темел. Неколку стотици Црногорци под команда на братот на Његош Џока ги нападнале Османлиите и се обиделе да ги ослободат затворениците. На почетокот на нападот успеале да го спасат водачот на месниот клан и неговата придружба, но потоа биле совладани од османлиската коњаница. Во судирот загинале девет членови на племето Петровиќ-Његош. Малолетниот брат на владиката, Џока, наводно бил убиен лично од Ченгиќ. Џока и четириесет други воини биле распарчени од Османлиите. Остатоците на Џока биле јавно изложени.
Племенските поглавари на Грахово биле принудени да му се заколнат на верност на Отоманското Царство и им било дозволено да се вратат во своите домови. Заклетвата ги принудила да се откажат од одмаздата за убиените сонародници.
Веста за поразот во Грахово брзо се проширила надвор од границите на Црна Гора. Во 1837 година, Његош бил принуден да отпатува во Санкт Петербург и да ги брани своите постапки пред Русите. Во 1838 година, под руски притисок, Црна Гора склучила мировен договор со Отоманското Царство, кој внел само краток одмор во судирите и обезглавувањата кои продолжиле набргу потоа.
Смрт
уредиЧетири години по поразот на Црногорците во Грахово, Његош решил да се одмазди за смртта на својот брат. Планот го направил со помош на христијаните од Херцеговина, кои живееле на територијата под власта на Смаил-ага.[8] Његош го назначил племенскиот поглавар Новица Церовиќ за водач на групата што требало да го убие Смаил-ага.
На крајот на септември 1840 година, Црногорците го намамиле Ченгиќ и неговата војска длабоко на нивната територија, ноќе го нападнале неговиот логор и ги убиле. Нападот се случил во селото Мљетичак, северно од Никшиќ. Меѓу погинатите бил и Смаил-ага. По неговата смрт, му ја отсекле главата и му ја однеле на Његош во Цетиње. Његош го назначил Церовиќ за сенатор од благодарност.[1][9][10] Настаните се богато опеани во српската епска поезија.[11]
Наследство
уредиНародна традиција
уредиСмаил-ага Ченгиќ е главниот лик во познатата епска поема на Мажураниќ Смртта на Смаил-ага Ченгиќ, објавена во весникот Искра во 1846 година. Современиот германски писател и поет д-р Ф.С. Краус тврди дека неговиот опис во песната е многу „пристрасен и лицемерен“ и не го покажува каков што бил.[1]
Д-р Краус прилично грубо напишал:
Смаил-ага во песната на Мажураниќ е опишан неправилно и неправедно. Нашите симпатии се кон храбриот и бестрашен херој Смаил-ага Ченгиќ, а не кон намќорните патници од Црна Гора. Ченгиќ бил вистински Словен, а неговите убијци биле бедни кукавички послушници.[1][6][12]
Вук Стефановиќ Караџиќ бил современик на Смаил-ага и го сретнал неколку пати за време на своите патувања во Босна и Херцеговина. За разлика од Мажураниќ, тој пишува доста позитивно за него. За Вук, тој не бил само олицетворение на османлиската моќ, туку пред се босански Словен со огромен престиж, углед и влијание меѓу босанските Словени, не само на исламската, туку и на христијанската вера.
Вук Караџиќ за него запишал:
Семејството Ченгиќ го покривало раздобјето од нејзините први благородници во Кралството Босна до капетаните на отоманското право во османлиска Босна и Херцеговина. Во нашите народни песни имаше алај бегови и паши. Песните раскажуваат за нивните дворци и тврдини во Загорје, иако седиштето на Смаил-ага било во Липник кај Гацко, каде што и денес живеат неговите синови. За Смаил-ага се верувало и се зборувало дека тој е најголемиот и најхрабриот херој во целото Отомансо Царство.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Šišić, Ferdo (1908). "Pogiblja Smail-age Čengića".Hrvatsko kolo (бошњачки). gacko.net. Пристапено на 11 јануари 2024.
- ↑ 2,0 2,1 Baćović, Čedo. "Smail-aga Čangić – mit i stvarnost". Montenegrina - digitalna biblioteka crnogorske kulture i nasljedja (črnogorščina). montenegrina.net. Пристапено на 11 јануари 2024.
- ↑ Naimark, Norman M.; Case, Holly (2003). Yugoslavia and Its Historians: Understanding the Balkan Wars of the 1990s. Stanford University Press. str. 75. ISBN 978-0-8047-4594-9. Пристапено на 11 јануари 2024.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Prokopije Čokorilo; Joanikije Pamučina; Staka Skenderova (1976). Ljetopisi. Veselin Masleša.
- ↑ Bašagić, Safvet-beg (1897). "Najstariji ferman begova Čengića". Glasnik muzeja Bosne i Hercegovine volumen IX (бошњачки). Sarajevo.
- ↑ 6,0 6,1 Hernes, Moric (1894). "Dinarska putovanja - Kulturne i slike prirode iz Bosne i Hercegovine". Glas Trebinja (бошњачки). glastb.com. Пристапено на 11 јануари 2024.
- ↑ Marko A. Vujacić (1951). Znameniti crnogorski junaci: po istoriskim podacima, tradiciji i narodnoj pjesmi. Narodna Knjiga. str. 33.
- ↑ Istorijski zapisi. Istorijski institut SR Crne Gore c. 1952. str. 76. Pridobljeno 30. julija 2013.
- ↑ Zlatar, Zdenko (2007). The Poetics of Slavdom: Part III: Njegoš. Peter Lang. str. 469. ISBN 978-0-8204-8135-7. Pridobljeno 25. marca 2014.
- ↑ Wendy Bracewell. "Yugoslavia and its Historians, Understanding the war of 1990s".
- ↑ Chadwick, H. Munro; Chadwick, Nora K. (31. oktober 2010). The Growth of Literature. Cambridge University Press. ISBN 978-1-108-01615-5. Pridobljeno 25. marca 2014.
- ↑ "Hrvatsko kolo", str. 105 in 106.