Слободан Мирчевски
Слободан Мирчевски (Скопје, 1950) – универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.[1]
Слободан Мирчевски | ||
Роден | 1950 Скопје | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | универзитетски професор |
Животопис
уредиСлободан Мирчевски е роден во Скопје во 1950 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје дипломирал во 1975 година, магистрирал во 1984, а докторирал во 1990 година. По дипломирањето работел во „Рудници и железарница“ – Скопје. Од 1979 година е вработен на Факултетот со звањето помлад асистент, а за асистент е избран во 1986. Во 1991 година е избран во звањето доцент, во 1996 во вонреден професор, а во 2001 во редовен професор. Бил раководител на Лабораторијата за електромоторни погони и Институтот за индустриска електроенергетика во повеќе мандати. Во периодот 1997-1999 бил продекан за настава, а во 1999-2001 продекан за финансии. Во периодот 2004-2008 бил член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Член е на Интеруниверзитетската конференција. Реализирал научни престои на Универзитетите во Ерланген, во 1984 и 1995, во Милано во 2000 и во Илменау во 2002 година. Има подготвено учебни помагала за сите предмети од областа. Држел настава по електромоторни погони и управување на Техничкиот факултет – Битола.
Објавил повеќе од 150 научни и стручни (рецензирани) трудови. Реализирал повеќе научно-истражувачки и апликативни проекти за рационално користење на електричната енергија во електромоторни погони, дијагностика и одржување на електромоторни погони. Член е на IEEE од 1991, а Senior Member е од 2002 година. Претседател е на Студискиот комитет А1 за вртливи машини во MAKO CIGRE. Бил член на Советот на ЕРЕ-РЕМС и главен претседавач на конференцијата ЕРЕ-РЕМС 2010 во Охрид. Области на научен интерес му се електромоторните погони и управувањето на електромоторни погони.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 50 ГОДИНИ ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ. Скопје: Факултет за електротехника и информациски технологии. 2009. стр. 124. ISBN 978-9989-630-58-3.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „Редовни професори во пензија“. ФЕИТ. Посетено на 30 март 2021.