Слива (планина)

планина во Преспа, на албанско-грчката граница

Слива (грчки: Βροατσέρια, албански: Sllivë, Slliva) — планина во Долна Преспа, на границата меѓу Албанија и Егејска Македонија во Грција. Практично претставува срт на Сува Гора.[1]

Слива
Βροατσέρια / Sllivë
Слива на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.414 м
Координати40°42′56″N 21°00′58″E / 40.7155° СГШ; 21.0161° ИГД / 40.7155; 21.0161
Географија
МестоДолна Преспа, Егејска Македонија
Деволско, Албанија
Карта

Опис

уреди

Планината е сместена во Преспа, меѓу Големото Преспанско Езеро на север и Малото Преспанско Езеро на југ. Егејскиот дел на планината е во Националниот парк „Преспа“ и е вклучен во мрежата на зашитени подрачја Натура 2000. По планината минува албанско-грчката граница, т.е. граничните пирамиди бр. 10 - 19. Највисок врв е Слива со 1.414 м (гран. пир. бр. 12), кој се наоѓа на албанска територија. На север превојот Урида до дели од сртот Калуѓер. Планината се протега во насока север-југ. На запад на албанска територија се селата Церје, Ракицко и Шуец, а на исток на грчка територија се остатоците на селото Орово, денешното село Граждано и остатоците од Трново.[1]

Сочинета е од варовнички карпи.[1]

Врвови

уреди

Врвовите на планината, дадени по висински редослед,[1] се следниве:

Име Албански/Грчки Височина
(м)
Местоположба Земја
Слива Sllivë, Βροατσέρια, Βροαστέρια 1.414 гранична пирамида бр. 12  ,  
Голина Golinë, Γκολίνα, Γκολίνες 1.402 гранична пирамида бр. 14  ,  
Мизес Mizes Madhe, Μίζες 1.356 гранична пирамида бр. 19  ,  
Гапан Gogozit, Γκογκόζιτ, Γάπαν 1.326 гранична пирамида бр. 18  ,  
Анторахи Ανθορράχη 1.311 гранична пирамида бр. 17  ,  
Елафи Ελάφι 1.280  
Урида Ουρίντα 1.155 гранична пирамида бр. 10  ,  

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 394. ISBN 978-960-86676-6-2.