Славе Митов Трпески ( 1924 во Карбуница, Кичевско20 ноември 1943 во Карбуница, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик од НОБ за борците и активистите од Карбуница, меѓу кои е ѝ Славе Трпески.

Животопис

уреди

По занимање биле земјоделец. Како активен младинец, во пролетта 1943 година станал член на народно ослободителниот одбор во селото, а подоцна ѝ член на КПМ. Активно работел за потребите на народно ослободителното движење, извршувајќи партиски задачи. Станал член на Реонскиот комитет. Во ноември 1943 година, балистите го фатиле заедно со другите членови на Реонскиот комитет, на 20 ноември бил стрелан во селото Карбуница.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 142.