Песочанска Река

Песочанска Река или Песочанка — река во Македонија, десна притока на реката Сатеска.[1] Извира од југоисточните падини на планината Стогово на височина од 2.040 м, а се влива на височина од 782 м. Вкупната должина на речниот тек изнесува 22 км, вкупниот пад изнесува 1.258 м, а просечниот пад 57,18‰. Вкупната должина на водоразделната линија изнесува 38 км, додека сливот зафаќа површина од 53,32 км2. На водите од оваа река е изградена ХЕЦ „Песочани“.[2]

Песочанска Река
Песочанка
ЗемјаМакедонија
Слив
Главен изворСтогово, Македонија Македонија
2.040 (извор)
782 м (устие)
УстиеСатеска, Македонија Македонија
Сливна повр.53,32 км2
Физички особености
Должина22 км

НаводиУреди

  1. Универзитет во Скопје. Географски институт, Универзитет во Скопје. Природно-математички факултет, Универзитет "Кирил и Методиј"--Скопје. Природно-математички факултет (1966). Годишен зборник: Географски институт (изд. 15-16.). Скопје: УКИМ.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. Природонаучен музеј Скопје (1983). Изданија (изд. 17-19.).