Скротум или мадно кесе — двокоморна кеса од кожа и мускули. Скротумот се наоѓа кај некои цицачи, меѓу кои и човекот, и во него се наоѓаат тестисите, кои се одделени со септум.[1] Кесата е продолжеток на перинеумот и се наоѓа меѓу пенисот и анусот. Кај човекот и животните, скротумот, како и пубичниот дел, се прекриени со пубични влакна, кои растат за време на пубертетот (кај човекот). Биолошки, скротумот е хологен на големата усна од вагината.

Скротум
Hodensack lang.JPG
Скротум на маж во опуштена состојба.
Scrotum - Hodensack new.JPG
Скротум на маж во затегната состојба.
Податоци
Прекурзорлабиоскротални набори
Артеријаантериорна скротална артерија и постериорна скротална артерија
Венатестисна вена
живецпостериорни скротални нерви, антериорни скротални нерви, генитална гранка на генитофеморалниот нерв, перинејна гранка на постериотниот феморален кожен нерв
Назнаки
ЛатинскиScrotum
MeSHA05.360.444.661
TAA09.4.03.001
A09.4.03.004
FMAFMA:18252

СтруктураУреди

нерви површина[2]
генитална гранка на генитофеморалниот нерв антеролатерална
антериорни скротални нерви антериорна
постериорлни скротални нерви постериорна
перинејни гранки на постериорниот феморален кожен нерв инфериорна

ФункцијаУреди

Функцијата на скротумот е да ја одржува температурата на тестисите нешто помала за разлика од остатокот на телото.[3] Кај луѓето, температурата на скротумот треба да биде 35 до 36 степени, односно еден или два степени под прифатливата температура на телото (37 степени). Повисоката температура може да влија на семето. Ако околината е поладна, тестисите се повлекуваат кон абдоменот (се затегнуваат), а ако е претопло, тие се оддалечуваат (се опуштаат). Со оддалечувањето на тестисите од телото се дозволува побрзо намалување на температурата. Мускулите околу скротумот го вршат ова собирање и опуштање.

Сепак, ова може да не е главната функција на скротумот. Количината на спермата создадена во тестисите е мала. Според теориите, ако тестисите биле во абдоменот, тие би подлегнале на поголеми притисоци од страна на мускулите и би се овозможило побрзо празнење на тестисите. Кај слоновите и водните цицачи, тестисите се во абдоменот.

ДијаграмиУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Scrotum“. National Institutes of Health. Посетено на 6 January 2011.
  2. Moore, Keith; Anne Agur (2007). Essential Clinical Anatomy, Third Edition. Lippincott Williams & Wilkins. стр. 132. ISBN 0-7817-6274-X.
  3. „About the Male Reproductive System“. KidsHealth. Посетено на 6 January 2011.