Скочино (Грнчари)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Скочино“
| |
Местоположба | 41°01′06″N 21°03′12″E / 41.01833° СГШ; 21.05333° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Грнчари |
Општина | Ресен |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Скочино — археолошко наоѓалиште во преспанското село Грнчари. Претставува населба, црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 2 км источно од селото, каде на поголем простор се гледаат грамади од градежен материјал, а по површината се среќаваат фрагменти од питоси и покривни ќерамиди. На највисокиот дел од наоѓалиштето се зачувани остатоци од средновековна црква посветена на св. Никола. Околу црквата се забележуваат гробови градени од камени плочи. Во 1978 година биле изведени заштитни ископувања. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.[1]
Поврзано
уреди- Св. Атанас — осамен наод од римско време;
- Св. Илија — црква од средниот век;
- Грнчари;
- Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |