Битолски Вилает
Битолскиот Вилает (османски турски: ولايت مناستر, турски: Vilâyet-i Manastır) бил административно-управна единица во рамките на Османлиското Царство со седиште во Битола, формиран во 1864 година, со повремени територијални промени.
ولايت مناستر Vilâyet-i Manastır | |||||
Вилает на Османлиско Царство | |||||
| |||||
![]() | |||||
Главен град/седиште | Битола[1] | ||||
Составни делови | {{{entities}}} | ||||
Историја | |||||
- | Основана | 1864 | |||
- | Укината | 1912 | |||
Население | |||||
- | 1911[2] | 1.069.789 жит. | |||
Денес во | ![]() ![]() ![]() |

На чело на вилаетот стоел валија, со титула паша, кој бил назначуван со султанско ираде.
Кога бил формиран вилаетот го опфаќал речиси целиот Вардарски дел и западната територија од Егејскиот дел на Македонија, навлегувал длабоко на територијата на Албанија, а со помал дел и на грчка територија. Се простирал на територија од околу 32.000 км2. На север граничел со Косовскиот Вилает, на исток и југоисток со Солунскиот Вилает, на југ со Кралството Грција, на југоисток со Јанинскиот Вилает и на запад и северозапад со Скадарскиот Вилает.[3][4][5][6]
Кон крајот на 19 век вилаетот имал помеѓу 800.000 и 900.000 жители, а во 1908 година тој број пораснал на 1.000.576 жители. Во 1912 година престана да функционира Битолскиот вилает.
Територијално-административна поделба
уредиВо 1875 година во негов состав влегувале санџаците:
- Битолски санџак со казите: Битола, Корча, Прилеп, Охрид, Костур, Кожани, Населица (Анаселица), Лерин, Серфиџе, Кичево и Колоња.
- Призренски санџак со казите: Призрен, Тетово, Приштина, Ѓаковица, Пеќ, Гнилане, Вучитрн и Гусиње.
- Скадарски санџак со казите: Скадар, Подгорица, Тирана, Каваја, Акче Хисар (Круја) и Леш.
- Скопски санџак со казите: Скопје, Куманово, Штип, Крива Паланка, Радовиш, Кочани и Кратово.
- Дебарски санџак со казите: Горен Дебар, Елбасан, Долен Дебар и Мат.
Со формирањето на Скадарскиот Вилает во 1876 година, од Битолскиот Вилает бил одвоен Скадарскиот Санџак, а со формирањето на Косовскиот Вилает (во 1877 година), од Битолскиот Вилает биле одземени казите од Источна Македонија и од Косово, кои влегле во состав на новоформираниот Косовски Вилает.
Во 1878 година Призренската лига излегува со предлог Скадарскиот, Јанинскиот, Косовскиот и Битолскиот Вилает да се обединат во еден Албански Вилает.
Во 1912 година во состав на Битолскиот Вилает влегуваат: Битолскиот, Дебарскиот, Елбасанскиот, Корчанскиот и Сервискиот санџак.[7]
Расформирање
уредиБитолскиoт Вилает за време на Првата балканска војна, 1912 година е окупиран и поделен помеѓу Кралството Грција, Кралството Србија и Кнежевството Албанија, со што и престанал да постои.
Битолски револуционерен округ
уредиБитолскиот револуционерен округ како дел од структурата на Македонската револуционерна организација делувал на територијата на Битолскиот Вилает. Тој бил најдобро организиран, опремен и вооружен револуционерен округ, масовно востанал во екот на Илинденското востание. По востанието округот е заплиснат од четите на Елиномакедонскиот комитет и Српското четничко движење, борбите траеле сè до Младотурската револуција. Револуционерниот округ постоел од 1894 до 1908 година.
Во текот на Првата балканска војна, револуционерите од битолскиот округ ги помагале српските и грчките војски против Отоманското Царство. Во текот на Втората балканска војна и Првата светска војна дел од поранешните револуционери на округот ја помагаат бугарската војска. Во 1919 година Тодор Александров ја формирал ВМРО (Автономистичка) и во духот на старата организациска поделба го возобновил Битолскиот револуционерен округ иако неговата територијата веќе била поделена помеѓу Кралството Југославија и Кралството Грција.
Економски и културен развој
уредиБитола била економски и културен центар на вилаетот. Градот имал развиена трговија, особено по изградбата на железницата до Солун во 1894 година, што го поврзала со поширокиот пазар на империјата. Битола била позната по своите базари, занаетчиство и производство на текстил и кожа. Во културна смисла, градот бил дом на бројни училишта за различни етнички заедници:
- Бугарски училишта: Под контрола на Бугарската егзархија, овие училишта промовирале словенска национална свест.
- Грчки училишта: Поддржани од Цариградската патријаршија, тие биле центри за грчката култура и јазик.
- Романски училишта: Наменети за Власите, поддржани од романската држава.
- Српски училишта: Основани подоцна, во почетокот на 20 век, за промоција на српската национална свест.
Во Битола се наоѓала и воена академија, каде учел Мустафа Кемал Ататурк, идниот основач на модерна Турција. Во 1903 година, браќата Јанаки и Милтон Манаки го снимиле првиот филм на Балканот, „Баба Деспина“, означувајќи пионерски чекор во кинематографијата.
Наводи
уреди- ↑ Encyclopaedia Britannica 1911 Edition, Monastir.
- ↑ Teaching Modern Southeast European History. Alternative Educational Materials, p. 26
- ↑ Die Provinzen des Osmanischen Reiches von Andreas Birken, Wiesbaden, 1976
- ↑ Uredba o organizaciji vilajeta 1867 godine, Prilozi za orijentalnu filologiju, XII-XII/1962, br. 3
- ↑ Orijentalni institut u Sarajevu, Sarajevo, 1965
- ↑ Кратка историја Битољског вилајета. Превео Глиша Елезовиќ, „Братство“ XXVII, 43, Београд, 1933.
- ↑ Ottoman Provinces before 1908.