Скопски маратон
Скопскиот маратон е годишен маратон кој се одржува во мај во Скопје, Република Македонија.
Скопски маратон | |
---|---|
Старт на трката во 2010 година | |
Датум | Почеток на мај |
Локација | Скопје, Македонија |
Должина | Маратон |
Основан | 1997 |
Веб-сајт | Скопски маратон |
Скопскиот маратон за првпат бил одржан во 1997 година, потоа и во 1998 година, но веќе следната година бил откажан главно поради финансиски причини.[1] По деветгодишна пауза, во 2007 година, маратонот бил возобновен со полумаратонска трка и трка на 5000 метри, а потоа во 2008 година целосно обновен, и биле одржани три трки: маратон, полумаратон и трка на 5 километри. Во обновата на маратонот значително придонел специјалниот претставник на Европската Унија, Ерван Фуере.[2]
Од 2009 година, маратонот е дел од Асоцијацијата на Меѓународни Маратонски Трки.[3] Скопскиот маратон бил внесен во списокот на квалификациски маратонски трки за Летните олимписки игри 2012 во Лондон.[4] Во 2015 година маратонот бил откажан поради безбедносни причини.[5]
Во 2017 година, на 13. издание на скопскиот маратон учествувале повеќе од 8.500 натпреварувачи од 51 земја, што претставувало нов рекорд на маратонот.[6]
Поранешни победници
уредиРекорд на маратонот
Датум | Мажи | Националност | Време (h:m:s) | Жени | Националност | Време (h:m:s) |
---|---|---|---|---|---|---|
2018 | Еванс Бивот[7] | Кенија | 2:14:08 | Џедида Карунгу | Кенија | 2:51:24 |
2017 | Кипротич Кируи[8] | Кенија | 2:12:59 | Стела Барсосио | Кенија | 2:33:42 |
2016 | Кипротич Кируи | Кенија | 2:12:36 | Гледис Бивот | Кенија | 2:40:10 |
2015 | Откажан поради безбедносни причини.[9] | |||||
2014 | Емануел Самал | Кенија | 2:14:26 | Луси Муриги | Кенија | 2:37:47 |
2013 | Виклиф Бивот | Кенија | 2:21:56 | Каролина Кипруто | Кенија | 2:48:39 |
2012 | Патрик Вамбугу | Кенија | 2:26:41 | Сесилија Вангуи | Кенија | 2:54:56 |
2011 | Диксон Терер[10] | Кенија | 2:23:51 | Сесилија Вангуи | Кенија | 2:50:06 |
2010 | Тамаш Тот[11] | Унгарија | 2:28:56 | Луција Кимани | Босна и Херцеговина | 2:55:56 |
2009 | Сретен Нинковиќ[12] | Србија | 2:29:07 | Марија Врајиќ | Хрватска | 2:56:15 |
2008 | Роман Продиус[13] | Молдавија | 2:29:26 | Лидија Миклош | Црна Гора | 3:19:34 |
Наводи
уреди- ↑ Distance Running Magazine Архивирано на 15 јули 2012 г. from July-September 2010, page 17-18
- ↑ Скопскиот маратон ита кон елитата Архивирано на 8 март 2012 г., Dnevnik (Skopje) (in Macedonian), Retrieved November 10, 2010
- ↑ AIMS Macedonia Races Архивирано на 27 септември 2016 г.. AIMS. Посетено на 2012-05-11.
- ↑ „Qualifying Marathon Races in 2012 for OLYMPIC GAMES in London“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-10-23. Посетено на 2012-08-03.
- ↑ Поради безбедносната ситуација во земјава: Откажан Скопскиот маратон! Архивирано на 13 мај 2015 г. ekipa.mk; 10 мај 2015
- ↑ РЕКОРДЕН БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ: Среќна 13-ка за Скопскиот маратон sportmedia.mk; 5 мај 2017
- ↑ Кениецот Бивот победи на Скопскиот маратон
- ↑ Кениска доминација на Виз ер Скопскиот маратон gol.mk; 7 мај 2017
- ↑ „Skopje Marathon Cancelled: Hundreds Gather at the Start Line“. Independent.mk. May 10, 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на May 13, 2015.
- ↑ (8 May 2011) Кенијците поставија нови рекорди на патеката[мртва врска], Dnevnik (in Macedonian), Retrieved May 8, 2011
- ↑ (10 May 2010) Унгарецот Тамаш Тот победник на Скопскиот маратон Архивирано на 21 февруари 2013 г., Utrinski vesnik (in Macedonian), Retrieved November 10, 2010
- ↑ (11 May 2009)Нинковиќ и Врајиќ најбрзи на Скопскиот маратон Архивирано на 22 јули 2011 г., Nova Makedonija (in Macedonian), Retrieved November 10, 2010
- ↑ (12 May 2008) Димовска со нов македонски рекорд на Скопскиот Маратон Архивирано на 22 јули 2011 г., Athletic Federation of Macedonia (in Macedonian), Retrieved November 10, 2010
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- Официјално мрежно место (македонски)