Скопска артилериска бригада

Скопска артилериска бригада — бригада на НОБ во Македонија.[1]

Скопска артилериска бригада
Активнасептември 1944
ЗемјаМакедонија
Видартилерија
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија

Историјат

уреди

Скопската артилериска бригада била формирана во месец септември 1944 година од постоечкиот артиолериски дивизион во Присад, Велешко. На чело на бригадата бил назначен Киро Спасовски.[1]

На почетокот на своето формирање, бригадата била вооружена со 4 хаубици од 105 мм. Бригадата е формирана во Велешко бидејќи на 20 септември 1944 година Германците го зазеле Прилеп по вторпат и дивизионот морал да се движи кон село Лисиче, Велешко.[1]

Бригадата активно учествувала во борбите за ослободување на Македонски Брод, Прилеп и Велес. Во борбите кај селото ’Рлевци заплениле германски топ од 75 мм со камион и муниција. Откако се ослободило Скопје, бригадата била префрлена во Скопје и влегла во составот на Првата македонска артилериска бригада во месец декември 1944.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 157-158

Поврзано

уреди