Прва македонска артилериска бригада
Прва македонска артилериска бригада — бригада на НОБ во Македонија. Таа е една од неколкуте артилериски бригади кои оперирале на територијата на Македонија за време на НОВ.[1]
Прва македонска артилериска бригада | |
---|---|
Активна | 16 декември 1944 |
Земја | Македонија |
Вид | артилерија |
Битки | Завршни операции за ослободување на Македонија |
Историјат
уредиБригадата бил формирана на 16 декември 1944 година во артилериската база бр. 8 во касарната на Скопското кале. Таа била составена од битолската, скопската, струмичката и кумановската артилериска бригада. Бригадата била стационирана во касарната на Скопското кале, во Артилериската база бр. 8. Првиот артилериски дивизион на бригадата учествувал на божиќните демонстрации и поради тоа тој бил разоружан со наредба на ГШ и неговите борци биле распоредени во други бригади. Вториот дивизион бил обучен од македонски и руски стручни лица, имало прилив на нови борци и биле создадени две артилериски бригади: прва и втора. Со наредба на Тито на 20 февруари, тие биле испратени на Сремскиот фронт, каде пристигнале на 2 март 1945.[1]
Команда
уредиКоманданти на бригадата биле[1]:
- Александар Минчев - назначен на 16 декември
- Иван Штериев - назначен кон средината на декември па сè до 7 јануари 1945
Политички комесари на бригадата биле Борис Петковски Симеонов и Петар Лаковиќ, а нивни заменици биле Боро Арсовски и Бранко Кузмановски - Гуцман, а како политички комесар на Базата бр. 8 бил Владо Стругар.[1]
Бригадата била составена од Прв артилериски дивизион, Втор артилериски дивизион и еден противавионски дивизион.[1]
Командниот состав на првиот дивизион бил:[1]
- Александар Минчев - командант,
- Лазар Никодимовски - политички комесар,
- Александар Спасовски - заменик политички комесар,
Командниот состав на вториот дивизион бил:[1]
- Илија Поповски - командант,
- Андреја Русјаков - командант,
- Блаже Стефановски - политички комесар,
- Јордан Ефремов - политички комесар.
Наводи
уредиПоврзано
уреди