Siamang[1]
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Примати
Семејство: Гибони
Род: Сијаманг
Gloger, 1841
Вид: Сијаманг
Научен назив
Symphalangus syndactylus
(Рафлс, 1821)
Распространетост на сијамангот

Сијаманг (научSymphalangus syndactylus) — црнокрзнен гибон карактеристичен за Малезија, Тајланд и Суматра. Овој вид на гибон е најголем од сите други видови на гибони, сијамангот може да биде и двапати поголем од останатите видови на гибони, достигнувајќи висина од 1 м, и тежина од 14 кг. Сијамангот е единствениот вид во родот сијаманг (Symphalangus).

Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[3]

Сијамангот има две забележителни одлики. Првата е дека два прсти на секое стапало се поврзани со опна, по што и го добил името „синдактил“, што на старогрчки знач син-, „споен“ + дактил, „прст“. Втората е големата гушна торба (ја имаат и мажјаците и женките), оваа торба која може да биде надувана до големина на главата на сијмангот, што му овозможува на сијамангот да испушта гласни, резонантни повици и песни.

Можно е да има два подвидови на сијамагот. Дококлу е така, станува збор за суматрански сијаманг (научS. s. syndactylus) и малезиски сијаманг (научS. s. continentis).[4] Единките во Малезија, се излолирана група. Сијамангот може да се сретне со останатите видови на гибони, како на пример со црноракиот гибон и белоракиот гибон.

Сијамангот може да живее и до 40 години во заробеништво.[5]

Поради илегалната трговија со миленичиња и загубата на живеалиштата во Малезија и Суматра, овој вид на гибоне е еден од најзагрозените. Производството на палмово масло доведува до сеча на огромни пространства на шуми, со што живеалиштето на сијамангот просторно значително е намалено, што важи и за останатите животински видови, како што е на пример суматранскиот тигар.

Изглед

уреди
 
Сијаманг во Зоо Скопје.

Сијамангот има долго, густо, бушаво крзно со најтемна нијанса од сите гибони. Овој приматт има долги, висечки раце кои се подолги од нивните нозе. Просечната должина на сијамангот е 90 см, но најголемите единки можат да постигнат и должина од 1 метар и 50 см. Лицето на овој голем гибон е претежно без влакна освен малите мустаќи.

Распределеност и живеалиште

уреди

Сијамангот ги населува остатоците од шумите на Суматра и Малајскиот Полуостров, и подеднакво може да се сретне од шумите во низините па сè до планинските шуми и дождовните шуми до 3800 м надморска висина.[6] Сијамангот живее во групи составени од 6 единки (во просек четири единки) на територија која се простира на 23 хектари.[7][8] Во текот на денот изминуваат многу мали растојанија во просек од 1 км, за разлика од останатите видови.[6] Мелодичното пеење на сијамангот ја нарушува тишината во шумите рано наутро по повиците на црноракиот и белоракиот гибон. Сијамангот во Суматра и Малезија се слични на изглед, но постојат разлики во однесувањето на единките од двата вида.

Исхрана

уреди

Сијамангот се храни со различни делови на растението. Суматранскиот сијаманг е поголем плодојад отколку неговиот сродник од Малезија, при што овошјето претставува 60% од неговата исхрана. Сијамангот се храни со 160 видови на растенија, како што се ползавци па сè до овошки. Најмногу се храни со смокви.[8][9] Сијамангот претпочита да се храни си зрело овошје, и млади лисје. Се храни и со цветови и мали животинки, најчесто инсекти. Кога сијамангот се храни со големи цветови,тој ќе ги изеде само цветните листови, но целосно ги јаде помалите цветови, како и малите овошки во нивните раце пред да бидат изедени. Кога се храни со големи и тврди семиња или пак семиња со остри рабови, ќе го изеде само овошјето а семето ќе го фрли.[9] Иако неговата исхрана се состои претежно од овошје, станува збор за најголемиот листојад од сите членови на семејството гибони.[6] Како најголем гибон, се вклопува во групата на примати кои се хранат претежно со лисје.[10]

Закана и зачувување

уреди

Сијамангот, како височински примат, апсолутно зависи од постоењето на шумата, па затоа се соочува со намалување на населението поради загуба на живеалиштата,[7] ловокрадство и лов.[11][12]

Загуба на живеалиште

уреди

Голема закана за сијамангот е губењето на живеалиштата поради насади, шумски пожар, нелегална сеча, напади и човечкиот развој. Прво, насадите со маслена палма отстраниле големи области на живеалиштето на сијамангот во последните четири децении. Од 2002 година, засадени биле 107,000 км2 маслена палма,[13] што заменило многу дождовни шуми во Индонезија и Малезија, каде првично живеел сијамангот. Второ, во последните пет години, шумите на Малајскиот Полуостров се уништени поради нелегална сеча. Шеснаесет од 37 постојани шумски резервати во Келантан (Малезија) биле опфатени од илегални дрвокрадци, област каде што живеат повеќето од сијамангите на Малајскиот Полуостров.[14] Трето, посетувањата на шумите ја менуваат покривката на шумите во обработливо земјиште; на пример, зголемувањето на цената на кафето во 1998 година ги охрабрувало луѓето во Суматра да ја заменат шумата со плантажа за кафе.[15] Четврто, развојот во многу области има потреба од инфраструктура, како што се патиштата, кои сега ги делат областите за зачувување и предизвикало расцепкување на шумите и ефекти на работ.

Наводи

уреди
  1. Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M (уред.) (уред.). Mammal Species of the World (III. изд.). Baltimore: Johns Hopkins University Press. стр. 181. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  2. Symphalangus syndactylus. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 4 January 2009.
  3. „Сијаманг“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-04. Посетено на 6 септември 2015.
  4. Geissmann, Thomas. „Gibbon Systematics and Species Identification“. Посетено на 2006-04-13.
  5. Gron KJ. 2008 May 20. Primate Factsheets: Siamang (Symphalangus syndactylus) Taxonomy, Morphology, & Ecology . <http://pin.primate.wisc.edu/factsheets/entry/siamang>. Accessed 2015 June 9.
  6. 6,0 6,1 6,2 Rowe, Noel. (1996) "Pictorial Guide to the Living Primates" Charlestown, RI: Pagonia Press
  7. 7,0 7,1 O'Brien, T.G., M.F. Kinnaird, A. Nurcahyo, M. Iqbal and M. Rusmanto (2004). „Abundance and Distribution of Sympatric Gibbons in a Threatened Sumatran Rainforest“. International Journal of Primatology. 25 (2): 267–284. doi:10.1023/B:IJOP.0000019152.83883.1c.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  8. 8,0 8,1 O'Brien, T. G., M. F. Kinnaird, A. Nurcahyo, M. Prasetyaningrum, Dan M. Iqbal (2003). „Fire, demography and persistence of siamangs (Symphalangus syndactylus: Hylobatidae) in a Sumatran rainforest“. Animal Conservation. 6 (2): 115. doi:10.1017/S1367943003003159.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  9. 9,0 9,1 Nurcahyo, A. (2001). Daily Ranging, Home-Range, Foods, Feeding and Calling in Siamang (Hylobates syndactylus). In WCS-IP 2001. Bukit Barisan Selatan National Park in Space and Time. 2000 -2001 Research Report. WCS-IP/ PHKA, Bogor. 35-52. (In Indonesian)
  10. Fleagle J. G. (1988). Size and Adaptation in Primates. In Jungers WL (ed). "Size and Scaling in Primate Biology". New York: Plenum Press.
  11. Nijman, V. (2005). In Full Swing: An Assessment of Trade in Orang-Utans and Gibbons on Java and Bali, Indonesia. A Traffict Southeast Asia Report. Traffic Southeast Asia
  12. Nursahid, R. and Bakdiantoro, H. (2005). Illegal Primate Trade in Indonesia. Profauna Indonesia. Presentation in SEAPA 1st Congress.
  13. Palmer, C. E. The Extent and Causes of Illegal Logging: An Analysis of a Major Cause of Tropical Deforestation in Indonesia. CSERGE Working Paper.
  14. „Illegal logging detected in 16 Kelantan forest reserves“. malaymail.com. Malay Mail. 7 December 2020. Посетено на 17 January 2021.
  15. Kinnaird, M.F.; Sanderson, E.W.; O'Brien, T.G.; Wibisono, H.T.; Woolmer, G. (2003). „Deforestation trends in a tropical landscape and implications for endangered mammals“. Conservation Biology. 17: 245–257. doi:10.1046/j.1523-1739.2003.02040.x. S2CID 59583614. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)

Надворешни врски

уреди