Никогаш нема да бидам твоја

Никогаш нема да бидам твоја е американски филм, во режија на Ејми Хекерлинг. Главните улоги ги толкуваат: Мишел Фајфер и Пол Рад.

Содржина

уреди

Рози (ја глуми Фајфер) е четириесетгодишна разведена жена, вработена во рекламна агенција, која живее со својата ќерка, гимназијалка. Иако изгледа убаво и се чувствува млада, годините сè повеќе ја оптоваруваат. Еден ден, таа запознава маж кој е 10 години помлад од неа и кој многу ја привлекува. Истовремено, нејзината ќерка Изи се вљубува во едно момче од нејзиното училиште, но, бидејќи се работи за ново искуство, таа не е сигурна дали станува збор за вистинска љубов. Тогаш, работите се усложнуваат и следуваат неочекувани моменти...[1]

Наводи

уреди
  1. „Никогаш нема да бидам твоја“, Антена, број 899, 18.9.2015, стр. 15.