Синајски леопард

Критично загрозен, можеби изумрен
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Felidae
Род: Panthera
Вид: P. pardus
Подвид: P. p. jarvisi
Триномен назив
Panthera pardus jarvisi
Pocock, 1932

Синајскиот леопард (Panthera pardus jarvisi) е популација на леопарди кои живеат на Синајскиот Полуостров и планините околу градот Ејлат. Опишан е како посебен подвид на леопард, но според последните генетски анализи овој леопард е всушност дел од подвидот Персиски леопард (Panthera pardus saxicolor)[1]. Синајскиот леопард е доста помал од африканскиот леопард и најчесто се храни со птици, глувци и пештерници. Сепак, понекогаш се храни и со козорози и други помали домашни животни.

Во мај 2007 година, еден израелец фатил синајски леопард во неговата спална соба, додека животното ја бркало и сакало да ја изеде неговата мачка[2]. Ова докажува дека Синајскиот леопард сè уште не е изумрен во дивината.

Наводи

уреди
  1. Miththapala, Sriyanie; Seidensticker, John; O'Brien, Stephen J. (1996). „Phylogeographic Subspecies Recognition in Leopards (P. pardus): Molecular Genetic Variation“. Conservation Biology. 10 (4): 1115–1132. doi:10.1046/j.1523-1739.1996.10041115.x. Архивирано од изворникот на 2018-12-15. Посетено на 6 јуни 2008.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. http://www.ynetnews.com/articles/0,7340,L-3405509,00.html

Надворешни врски

уреди