Синајски евхологиј

Синајски евхологиј — средновековен македонски книжевен споменик кое потекнува од X или почетокот на XI век напишано на глаголица во Македонија[1].

Синајски евхологиј
Синајски манастир
Страна од Синајскиот евхологиј
Година на изработкаКрајот на Х или почетокот на XI век
Материјалпергамент
Големина137 листа
ПисмоГлаголица

Ракопис

уреди

Ракописот потекнува од крајот на Х или почетокот на XI век и е напишан на 137 листа од пергамент[1]. Првобитниот ракопис имал 300 листа[1]. Изгубен е голем дел од ракописот, при што недостасуваат листови од почетокот, средината и крајот[1]. Го пишувал еден книжевник[1].

Писмо

уреди

Писмото на ракописот е архаична обла глаголица со аглести елементи во палеографските форми на одделни буквени знаци[1].

Правопис

уреди

Правописот на ракописот е со четири носовки, при што големата јотувана носовка доаѓа по меки согласки[1]. Се употребува само з без буквата Ѕело[1]. Постои паралелна употреба на лигатурно и диграфно шт при што второто преовладува, особено во вториот дел на ракописот[1]. Присутна е вокализација на еровите од македонски тип (замена на големиот ер со о и на малиот ер со е, т.е. ъ>о, ь>е)[1]. Има граматички и лексички моравизми[1].

Содржина

уреди

Ракописот е создаден во Македонија, во кругот на познатата Охридска книжевна школа, врз основа на стар кирилометодиевски протограф[1]. Содржи служебник, требник и епитимијник, како и оригинални словенски книжевни дела (Поучение пред исповед и Отпусна молитва), коишто се поврзуваат со книжевното дело на Свети Климент Охридски[1]. Епитимијникот ги содржи т.н. Заповеди на светите отци, во кои се дадени правила за однесувањето на христијаните и казните за нивното нарушување[1].

Орнаментика

уреди

Орнаментиката е скромна и содржи иницијали од геометриски тип со плетени и флорални елементи[1]. Буквените знаци од насловите, исто така, се со скромни геометриски плетени украсни елементи[1].

Пронаоѓање

уреди
 
Порфириј Успенски

Основниот дел од ракописот е откриен од Порфириј Успенски во Синајскиот манастир во 1850 година[1]. Во 1975 година Моше Алтбауер во истиот манастир откри нови 28 листа од ракописот[1]. Четири листа од ракописот се однесени од руски истражувачи (П. Успенски, Н. М. Крилов и Н. П. Кондаков) во Санкт Петербург, каде што денес се наоѓаат во ракописните збирки на Руската национална библиотека и Библиотеката на Академијата на науките[1]. Денес делови од овој македонски ракопис се чуваат во Синајскиот манастир под сигнатурите: Slav. ms 37 (105 л.) и N°1/N (28 л.), и во Санкт Петербург во Руската национална библиотека: збирка на П. Успенски Глаг. 2 (2 л.) и збирка на Н. П. Кондаков Глаг. 3 (1 л.) и во Библиотеката на Руската академија на науките во збирката на Срезневски N°19/24.4.8 (1 л.)[1].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 Поп-Атанасов, Ѓорѓи (2015). Македонската глаголица (PDF). Скопје: МАНУ. стр. 63–65.

Надворешни врски

уреди