Симјон или Симеон Симев (роден на 30 мај 1949 во Штип) — македонски поет, есеист и новинар.

Симјон Симев
Роден/а30 мај 1949
Македонија Штип, Македонија
ЗанимањеПоет, есеист, новинар

Животопис

уреди

Симев студирал историја со историја на уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел како наставник во гимназија, соработник во Републичкиот секретаријат за култура, новинар во Првата и Одговорен уредник на Радио култура (Трета програма) на Македонското радио [1].

Симев објавувал стихови, есеи, статии, студии во весници, списанија, периодични публикации [2][3][4]. Неговата поезија е издавана во Бугарија и Германија [5].

Книжевно творештво

уреди
  • Соспи. Табернакул, Скопје 1997.
  • Месечина огрева, сонце изгрева. Наша книга, Скопје 1999.
  • Дамга. Наша книга, Скопје 2002.
  • Шарената сенка: живопис, литература, музика. Макавеј, Скопје 2008.
  • Ронливи лета море далечно. Симев С., Скопје 2010.

Надворешни врски

уреди

Извори

уреди
  1. Блог на Симјон Симев
  2. Lettre internationale 13-14 (1999): 17.
  3. Разгледи 7-10 (1994): 531-533.
  4. Разгледи 4-6 (1992): 356-361.
  5. Unverhoffte Himmel. Zeitgenössische makedonische Poesie. Архивирано на 11 септември 2011 г. Bremerhaven: Edition Die Horen, 2003. 171 S. ISBN 3897019876.