Симо Симовски
Симо Петров Симовски ( 1922 во Скопје — 1 ноември 1944 во Матка, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Симо Симовски | ||
Роден | 1922 година Скопје, Македонија како дел од Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1 ноември. 1944 година Скопје, Македонија |
Животопис
уредиЗавршил основно училиште, а потоа работел како општ работник. Во септември 1944 година, заминал на Китка и станал борец на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Се истакнал како храбар и дисциплиниран борец. Учествувал во сите битки на бригадата против непријателот. Со нетрпение го чекал денот кога ќе почне битката за ослободување на неговиот роден град, Скопје. На десетина дена пред нападот на Скопје, во борбите на бригадата против балистичките банди кои биле потиснати кон Матка и Глумово, загинал на 1 ноември 1944 година. Неговите посмртни останки биле закопани на cкoпскитe гробишта.[1]