Сили Придом (француски: Sully Prudhomme или René François Armand Prudhomme; 16 март 18397 септември 1907) — француски книжевник од времето на Парнасовото движење, кое тежнеело кон обновување на елеганцијата романтизмот во француската поезија. Во 1901 година ја добил Нобеловата награда за литература, и со тоа станува првиот човек на кого му е доделена оваа награда.

Сили Придом
Роден/аРене Франсоа Арманд Придом
16 март 1839(1839-03-16)
Париз, Франција
Починат/а6 септември 1907(1907-09-06) (возр. 68)
Шатне Малабри, Франција
ЗанимањеПоет и есеист
НационалностФранцуз
Значајни наградиНобелова награда за литература
1901

Тој бил првиот француски и светски писател што ја добил Нобеловата награда за литература.[1]

Почетоци

уреди

Придом сакал да стане инженер, но неговите студии биле прекинати од здравствени причини. Потоа, тој се свртил кон правните науки и работел кај еден нотар. Неговото поетско деби било успешно. Првата стихозбирка, „Станси и песни“ била објавена во 1865 година и била дочекана со ласкави пофалби од тогашниот водечки француски критичар и теоретичар Сент Бев и тој ја трасирал поетската кариера на авторот.

Творештво

уреди
 
Поетите на Парнас, слика на Пол Шабас
 
Песната „Наука и поезија“ (Science et poésie) во ракопис

Придом започнал со поетски сентиментализам, но со текот на времето, иако присутен и во првата, присутен е и во втората стихозбирка „Искушенија“ (1866) и „Осамености“ (1869), ќе им сврти грб за да се вглоби во пооригинален и личен стил кој и придава големо значење на формата. Со еден збор, тој ја открил школата на францускиот Парнасизам чиј водечки поет бил Теофил Готје. Поет на класичната убавина и истенчениот психологизам, како и на романтичарската носталгија кон старината, исчезнатите нешта и спомените. Но, и покрај тоа, во неговата поезија е присутен и кортезијанскиот култ кон разумот, науката , естетиката и филозофијата. Но сепак, овие песни се многу поповршни од песните чиј мотив е чистата убавина и просторот на душата, чувствата и меката меланхолија за светот што исчезнува пред нашите очи.

Нобелова награда

уреди

Сили Придом е првиот писател кој ја добил Нобеловата награда за литература, а му била даддена како посебно признавање на неговиот поетски состав, во кој има идеализам, уметничка совршеност и ретка комбинација на квалитетите на срцето и интелектот. Тој ги посветил добиените пари од наградата на создавање поетска награда што ја доделувало здружението Општество на книжевни луѓе.

Смрт

уреди
 
Гробот на Сили Придом во Париз.

Сили Придом имал здравствени проблеми од 1870 година. Кон крајот на животот здравјето му се влошило, па живеел без многу контакт со јавноста, бидејќи бил парализиран. Сепак, и во таква состојба, тој пишувал есеи. Починал на 6 септември 1907 година, и бил погребан на гробиштата во Шатне Малабри, блиску до Париз.

Дела

уреди

Заедно со Жозе-Марија Ередија и Лен Диркс, во 1902 година го основале Друштвото на француските писатели.

За време на својот живот ги објавил следнива книги поезија:

  • 1865, „Станси и песни“;
  • 1866, „Искушенија“;
  • 1869, „Осамености“;
  • 1872, „Судбини“;
  • 1874, „Франција“;
  • 1875, „Залудни нежности“;
  • 1876, „Зенит“;
  • 1878, „Правда“;
  • 1888, „Поезија“;
  • 1886, „Призма“;
  • 1888, „Среќа“;
  • 1908, „Останки“-посмртно;

Наводи

уреди
  1. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова наград, НИД „Микен“, Битола, 2009

Надворешни врски

уреди