Сиднејска опера

(Пренасочено од Сиднејска Опера)

Сиднејската опера — мултифункционална сала за сценски уметности која се наоѓа во Сиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија. Обмислена е и, во најголем дел, изградена од данскиот архитект Јорн Утзон. Отворена е во 1973 година[1] после голем број на проблеми што започнале да се појавуваат уште кога проектот победил на конкурсот. Владата на Нов Јужен Велс, на чело со Џозеф Кеил, дала зелено светло за започнување со работа во 1958 година. Храбрата одлука на владата, да го одбере дизајнот на Утзон, честопати била засенета од скандалот кој следел[2].

Сиднејска Опера
Sydney Opera House
светско наследство на УНЕСКО
КритериумCultural: i
Навод166
Запис2007 (31st заседание)

Сиднејската опера е прогласена за дел од Светско наследство на УНЕСКО на 27 јуни 2007 г[3]. Таа е меѓу најпрепознатливите градби на XX век и е една од најпознатите сали за сценски уметности во светот.

Сиднеј Опера Хаус се наоѓа на Бенелонг Поинт, на сиднејското пристаниште во близина на Сиднејскиот пристаништен мост. Лежи на североисточната страна на Сиднејската деловна област. Од три страни е опколена од пристаништето (Сидни Коув), а од копно граничи со Кралските ботанички градини.

Спротивно од нејзиното име (Оpera House = Дом на операта), градбата се состои од повеќе сали наменети за различни сценски уметности. Сиднејската Опера е домаќин на повеќе од 1500 настапи годишно кои ги посетуваат околу 1,2 милиони луѓе[4], што ја прави еден од најзафатените уметнички центри во светот. Таа е матична куќа на повеќе уметнички групи, меѓу кои спаѓаат и четирите постојани ансамбли, односно Опера Австралија, Австралискиот балет, Сиднејската театарска дружина и Сиднејскиот симфониски оркестар и презентира голем број на сопствени претстави. Операта е и една од најголемите туристички атракции во Австралија со повеќе од 7 милиони посетители годишно, од кои 350 000 најмуваат туристички водич[5]. Со Опера Хаус управува Фондацијата на Сиднејската опера под покровителство на Министерството за уметност на Нов Јужен Велс.

Опис Сиднејската опера има модерен експресионистички дизајн и се состои од низа на големи бетонски "школки" кои претставуваат делови од сфера со полупречник од 75,2 метри, поставени на голема платформа. Зградата е долга 183м и 120м широка и зафаќа простор од 1,8 хектари. Се потпира на 588 бетонски столбови кои се наоѓаат 25м под морското ниво. Кровните структури на Операта најчесто се познати како "школки" (како и во оваа статија),но всушност немаат форма на вистинска школка. Тие се префабрикувани бетонски панели прикрепени за префабрикувани бетонски ребра. Иако од далеку "школките" изгледаат комплетно бели, всушност се покриени со суптилна Шеврон шема од 1,056,006 мат плочки во бела и крем боја, од шведско производство, од фабриката Höganäs AB која најчесто произведува камени плочки за индустријата за преработка на хартија. Со исклучок на плочките на школките и стаклената фасада на фоајеата, надворешноста на зградата во најголем дел е прикриена со поврзани панели од розов гранит изваден од каменоломот кај Терена. Значајна обрботка на површините во внатрешноста била изведена и со необработен бетон, фурнит од автралиска бела бреза од Вокоуп (Wauchope), град во Северен Нов Јужен Велс и греди од автралиското дрво,Браш Бокс (Brush box).

Од двете најголеми простории, Концертната сала се наоѓа во западната група на "школи", додека театарот „Џоун Сатерленд“ е сместен во источната група. Големината на "школките" била избрана за да одговара со висината на внатрешноста, со ниски влезови кои се извишуваат над делот за седење сè до високата бина. Помалите сали ("Драмскиот театар", "Плејхаус" и "Студиото") се наоѓаат под сцената на Концертната Сала. Помала група на "школки" сместени на западната страна од Монументалните скалила се дом на ресторанот Бенелонг. Подиумот е опколен од големи површини достапни за јавноста, меѓу кои е и големиот поплочен простор, сместен до Монументалните скали кој редовно се употребува како сценски простор.

Сали и објекти Дел од Сиднејската Опера се следниве сали за настапи:

  -Концертната сала со 2 679 места за седење, дом на Сиднејскиот симфониски оркестар и често место за настап на други изведувачи. Во неа се наоѓаат и Грандиозните оргули, најголемите механички оргули во светот, со повеќе од 10 000 цевки.
 -Театарот „Џоун Сатерленд“, претсценски театар со 1 507 седишта, дом на Опера Австралија и Австралискиот балет. Сè до 16 октомври 2012 г. бил познат и како Оперски театар.
 -Драмскиот театар- претсценски тетар со 544 седишта, го употребуваат Сиднејскиот театар и други танцови и театарски изведувачи.
 -Плејхаус, уште еден вид на помал театар со 398 седишта.
 -„Студиото“- флексибилен простор со капацитет од околу 400 седишта, зависно од распоредот.
 -Собата Утзон- мал повеќенаменски простор со околу 210 места за седење.
 - Дворот-флексибилна сала на орворено со можност за повеќе конфигурации, вклучувајќи ја можноста за користење на Монументалните скали како место за публиката, се употребува за настани на заедницата и големи претстави на отворено. Дворот ќе биде затворен за посетители од 2011г. до 2014г. за да се изгради нов влез кон стовариштето на театарот „Џоун Сатерленд“

Други делови, како што се северното и западното фоаје, понекогаш се користат и за настапи. Салите на Сиднејската опера понекогаш се користат за конференции, церемонии и општествени настани.

Други објекти Во зградата исто така се наоѓаат и музичко студио, кафулиња, ресторани, барови и продавници. Прошетките со водич се достапни за јавноста, вклучувајќи го постојаното разгледување на просториите во предниот дел и дневните посети на задкулисниот дел каде посетителите можат да ги видат просториите наменети само за изведувачите и персоналот.

Историја на изградба

Потекло Планирањето на Сиднејската Опера започнало во доцните четириесетти години, кога Јуџин Гусингс, директорот на Државниот музички конзерватприум на Нов Јужен Велс, лобирал за соодветна сала за изведување на големи театарски претстави. Дотогашната сала за такви претстави, Сиднејското градско собрание, не ја сметале за доволно голема. До 1954г. Гусингс успеал да ја добие довербата на Џозеф Кејл, премиерот на Нов Јужен Велс, кој побарал нацрти за оперска куќа. Гусингс исто така бил оној кој инсистирал Бенелонг Поинт да биде локација за Оперската куќа. Тој сакал зградата да биде сместена на или близу до железничката станица Винјард, северозападно од градската економска област. Кејл распишал конкурс за проект на 13 септември 1955г. и примил 233 предлози од аехитекти од 32 земји. Критериумите барале голема сала со околу 3 000 седишта и мала сала со капацитет од 1 200 седишта, секоја да биде проектирана за различни намени, вклучувајќи големи оперски претстави, оркестарски и хорски концерти, масовни собири, предавања, балетски изведби и други настапи. Победникот, прогласен во 1857г., е данскиот архитект Јорн Утзон. Според една легенда проектот на Утзон бил спасен од пропаст после триесете одбивања од страна на познатиот фински архитект Еро Саринен. Наградата била 5 000 фунти. Утзон го посетил Сиднеј во 1957г. за да помогне во надгледувањето на проектот. Канцеларијата ја преместиле во Сиднеј во февруари 1963г. Утзон ја добил Прицкеровата награда за архитектура во 2003г.

Цитатот на Прицкеровата награда гласи:

  " Нема сомнеж дека Сиднејската Опера е неговото најголемо дело. Таа е една од најпрепознатливите градби на XX век, прекрасна убавина која стана позната низ цел свет- симбол не само на еден град, туку и на цела земја и континент."

Дизајн и изградба Формалната изградба на Операта започнала во март 1959г. со рушењето на трамвајската станица Форт Меквери којашто во тоа време се наоѓала на местото планирано за изградба на Операта. Проектот вил граден во три фази. Прва фаза (1959-1963г.) која се состоела од изградба на горната бина. Втора фаза (1963-1967г.) во која се поставувала конструкцијата за надворешните "школки". Трета фаза (1967-1973г.) изградба и уредување на внатрешноста.

Прва фаза: Сцена Првата фаза ја започнала градежна фирма Civil & Civic на 2 март 1959г.,а била нагледувана од инженерите Ove Arup and Partners. Владата вршела притисок работата да започне што поскоро плашејќи се дека паричните средства или јавното мнение би можеле да не одат во нивна корист. Сепак Утзон сè уште го немал завршено крајниот дизајн. Сè уште имало големи структурни проблеми. До 23 јануари 1961г. проектот веќе доцнел цели 47 недели, главно поради неочекивани потешкотии ( лошо време, потешкотии за избегнување на бури, започнување со изградба пред да се подготват соодветни нацрти, промени во оригиналниот договор и др.). Изградбата на сцената конечно била завршена во февруари 1963г. Принудното предвремено започнување на изгдабата довело до подоцнежни проблеми. Еден од нив е слабата потпора на столбовите на сцената, кои не биле доволно силни да го изджат товарот на кровната конструкција и морале да бидат одново изградени.

Втора фаза: Кров "Школките" во првобитниот проект од конкурсот биле со неодредена форма, но во раните фази на дизајнерскиот процес,"школките" биле замислени како низ од параболи поставени на однапред префабрикувани бетонски ребра. Сепак инженерите од Ove Apur and Partners не можеле да изнајдат прифатливо решение за да ги конструираат. Оплатата за користење на бетон на местото на изградба би била премногу скапа, но бидејќи не постоело повторување во формите на кровните делови, градењето со префабрикувани бетонски елементи би било уште поскапо.

Од 1957г. до 1963г. Дизајнерскиот тим поминал низ најмалку дванаесет прилагодувања на формата на "школките" обидувајќи се да ја пронајде најекономичната форма (вклучувајќи ги нацртите со параболи, лачни ребра и елипсоиди) пред да пронајде практично решение. Проектирањето на "школките" вклучувала и една од најраните употреби на компјутер при структурната анализа, со цел да ги разберат сложените сили на кои "школката" ќе биде подложена. Кон средината на 1961г. дизајнерскиот тим пронајде решение за проблемот: школките се изработуваат како делови од сфера. Решението дозволува лакови со различна должина да се стават во еден калап, за подоцна одреден број од лачните сегменти со иста должина да бидат поставени еден до друг и да формираат сферен дел. Чија била идејата за ова решение е доста контроверзна тема. На почетокот заслугите му се препишувале на Утзон. Писмото на Ове Аруп до Ашворт, член на Извршниот комитет на Сиднејската опера наведувало: „ Утзон доби идеја „школките“ да ги направиме со еднакво заоблување во двете насоки“. Питер Џонс, авторот на биографијата на Ове Аруп вели дека „ архитектот и неговите истомисленици точно се сеќаваат на еурека-моментот кој го доживеале..., инженерите и некои од нивните соработници, со еднаква убеденост, се сеќаваат на разговорите кои ги воделе и во Лондон и во куќата на Ове Аруп.“ Понатаму тој тврди дека „постоечките докази покажуваат дека Аруп замислил неколку опции за формата на „школките“ од параболи до елипсоиди и сфери.“ Јузо Миками, член на дизајнерскиот тим, дава поинаков поглед во својата книга посветена на проектот, „Сферата на Утзон“. Мала е веројатниста дека некогаш ќе се знае точната вистина, но сите се сложуваа дека дизајнерскиот тим работел одлично во првиот дел на проектот и дека Утзон, Аруп и Роналд Џенкинс (соработник на Ove Arup and Partners кои биле одговорни за проектот на Сиднејската опера) одиграле значајна улога при развојот на проектот. Како што Питер Мареј кажа во „Сага за Сиднејската опера“: „...двајцата луѓе-и нивните тимови- беа дел од соработка, извонредна во својата плодност, и покрај големиот број на неприлики, на која најголем дел од учесниците на проектот гледаа како на врвна соработка меѓу архитект и инженер. „школките“ беа конструирани од Hornibrook Group Pty Ltd, ко исто така беа одговорни за изградбата во третата фаза. „Хорнибрук“ изработиле 2 400 префабрикувани ребра и 4 000 кровни панели во фабрика која била подигната на местото на изградбата, а исто така го развиле и градежниот процес. Со ова решение се одбегнала потребата од скапа оплата на цие место се искористиле префабрикувани делови (исто така овозможило кровните плочки на земја да се склопат во една целина, наместо да се поставуваат една по една во воздух).Поставувањето на „школките“ за чие време се употребувале напредни техники со користење на прилагодлив извишен лак со челична потпора за да ја издржи тежината на различните кровови пред да бидат завршени, го надгледувал инженерот на Ove Arup and Partners, кој се наоѓал на градилиштето. На 6 април 1962г. процениле дека изградбата на Операта ќе биде завршена помеѓу август 1964г. и март 1965г. Трета фаза: Ентериер Третата фаза, односно ентериерот, започнала со целосното преместување на канцеларијата на Утзон во Сиднеј во февруари 1963г. Но во 1965г. дошло до промена на власта, па така новата влада на Роберт Ескин го ставила проектот во надлежност на Министерството за јавни работи. Краен резултат на тоа била оставката на Утзон во 1966г. Проектот до октомври 1966г. чинел само 22,9 милиони долари, што било помалку од четвртина од крајната цена 102 милиони долари. Меѓутоа трошоците за дизајнот во оваа фаза биле многу поголеми. Вторта фаза на изградбата била при крај кога Утзон ја предал својата оставка. Неговото место најнапред било заземено од Питер Хол, кој во најголем дел бил одговорен за дизајнот на ентериерот. Други личности кои биле назначени да го сменат Утзон таа година биле Е.Х Фармер како владин архитект, Д.С Литлмор и Лајонел Тод. По оставката на Уцон, советникот за акустика, Лотар Кремер, му потврдил на Извршниот омитет на Сиднејската опера (СОХЕЦ) дека оригиналниот дизајн за акустика на Утзон дозволувал само 2 000 седишта во главната сала и дека зголемувањето на бројката на 3 000, како што било наведено во инструкциите, би било катастрофално за акустиката. Според Питер Џонс, проектантот на сцената, Мартин Кар ги критикувал „ формата, висината и ширината на сцената, просториите за уметниците, местоположбата на соблекувалните, ширината на вратите и лифтовит и местото на прекинувачите за светло. Значајни промени во дизајнот на Утзон -Главната сала, која прво требало да биде мултифункционална оперска/концертна сала, станала само концертна сала како што била и наречена. На помалата сала пак, оригинално наменета само за сценски изведби, и биле додаени и функциите на оперска и балетска сцена и била наречена Опера театар, подоцна преименувана во театар „Џоун Сатерленд“. Овој театар не е соодветен за големи оперски и балетски претстави. Исто така биле додадени кино и бибиотека. Послените две подоцна биле преправени во драмски театри и еден помал театар „во круг“. Тие денес ги претставуваат Драмскиот театар, „Плејхаус„ и „Студиото“, соодветно. Овие промени главно биле направени поради неадекватноста на барањата во оригиналниот конкурс, каде не било јасно наведено за што ќе се употребува оперската куќа. Плановите за внатрешноста биле променети и механизацијата за сцената, која веќе била проектирана и поставена во големата сала, била извадена и во најголем дел отфрлена. -Надворешно, променети биле покривањето и поплочувањето (првобитно сцената не требало да биде покриена до водата, туку да остане отворена) -конструкцијата на стаклените завеси ( Утзон планирал да употреби префабрикувани прозорски рамки од фурнир, но подоцна бил создаден поинаков систем за поставувањ на стаклото) -Нацртите на Утзон за ходници од шперплоча, како и оние за акустиката и местата за седење во двете најголеми сали биле потполно променети. Неговите планови за Концертната сала биле отфрлени бидејќи имале капацитет само до 2 000 седишта, што се сметало за недоволно. Утзон го вработил консултантот за акустика Лотар Кремер, чии нацрти за големата сала биле прифатени како многу добри. Последователните верзии на двете големи сали на Тод, Хол и Литлмор имале некои проблеми со акустиката особено со музичарите. Подиумот за оркестарот во театарот „Џоун Сатерленд“ е многу тесен и опасен за слухот на музичарите. Концертната сала има многу висок кров, што води до недостаток на рани рефлексии на сцената –прстените од плексиглас („акустични облаци“) кои висат над сцента биле додадени кратко пред отворањето кое било неуспешен обид да се реши овој проблем. Завршување на проектот и цена Операта била формално завршена во 1973г. и чинела 102 милиони долари. Х. Р. Хор-„Сем“, директорот на Хорнибрук одговорен за проектот ги навел следниве приближни суми: Прва фаза: сцена, Civil & Civic Pty Ltd -приближно 5,5 милиони долари. Втора фаза: кровни „школки“, M.R. Hornibrook (NSW) Pty Ltd -приближно 12,5 милиони долари. Трета фаза: завршување The Hornibrook Group -приближно 56,5 милиони долари. Одделни договори: сценска опрема, сценско осветлување и оргули -9 милиони долари. Такси и други трошоци-16,5 милиони долари. Првичните пресметки биле со вредност од 3,5 милиони фунти (7 милиони долри) Првичниот рок за завршување на проектот даден од владата бил 26 јануари 1963г. (Денот на Австралија). Сепак, проектот бил завршен десет години подоцна и со повеќе од четиринаесет пати поголем пуџет.

Јорн Утзон и неговата оставка Пред конкурсот за Сиднејската Опера, Јорн Утзон побдил на седум од осумнаесет конкурси на кој учествувал, но ниту еден од неговите проекти не бил реализиран. Концептот за Операта што Утзон го понудил секаде будел воодушевување и бил сметан за револуционерен. Во јануарското издание на The Assessor Report од 1957г. стоело: -„ Доставените нацрти се толку едноставни што личат како да се дијаграмски. Сепак, и покрај тоа што постјано се навраќавме на проучувањето на овие скици, уверени сме дека претставуваат концепт на една Оперска куќа која има потенцијал да стане една од најпрепознатливите градби во светот.“ Во првата фаза од проектот Утзон одлично соработувал со остатокот од проектантскот тим и клиентот, но како што напредувал проектот, владата на Кејл настојувала на големи промени. Тие исто така не ги почитувале доволно ни вложените средства ниту вложениот труд во проектирањето и изградбата. Напнатоста помеѓу клиентот и проектантскиот тим почнала да се зголемува кога било изнудено прерано отпочнување на проектот кој сè уште немал конечен дизајн. Ова резултирало со постојани одложувања и препреки додека неколку технички инженерски проблеми не биле решени. Зградата била специфична, па токму поради прераното започнување со работа без завршните планови настанале проблеми со дизјнот и зголемување на трошоците. Откако Роберт Ескин бил избран за Премиер на Нов Јужен Велс во 1965г. односот на клиентот, архитектите, инженерите и грдежните работници станал многу тензичен. Ескин бил гласен критичар на проектот пред да дојде на власт. Новиот Министер за јавни работи, Дејвис Хјуџис покажувал уште помала наклонетост. Австралиската критичарка на архотктура, Елизабет Ферли, напишала дека: -„за време на една свечена вечера во изборната ноќ во Мозмен,ќерката на Хјуџис, Сју Боргоњ, случајно кажа дека татко и наскоро ќе го отпушти Утзон. Хјуџис не беше заинтересиран за уметност, архитектура или естетика. Се покажа како тесноград измамниик кој беше разоткриен пред Парламентот и симнат од водачката функција на Државната партија поради лажно тврдење дека има универзитетска диплома. Оперската куќа му даде втора шанска на Хјуџис. За него, како и за Утзон контролата бешре најважна, исто како и трумфот на домашната просечност над странскиот гениј.“ Разликите сè повеќе се продлабочувале. Меѓу првите била убедувањето на Утзон дека клиентот треба да биде информиран за сите аспекти на планирањето и изградбата додека траат, додека пак клентот барал систем (видно создаден од Дејвис Хјуџис) преку кој архитектите, градежните работници и инженерите директно и одделно ќе му поднесуваат извештај. Ова имало големо влијние врз начините на набавка и контролата на трошоците, особено бидејќи Утзон сакал да преговара околу договорите со избраните снабдувачи (како што бил Ралф Симондс за внатрешните фурнирни делови), а владата на Нов Јужен Велс инсистирала договорите за снабдување да бидат ставени на тендер. Утзон воопшто не сакал да одговори на прашањата или критиките на Извршниот комитет на Сиднејската Опера (СОХЕЦ). Сепак, еден член на комитетот и судија од првичниот конкурс, професорот Хери Ингам Ешворт, му давал силна поддршка. Уцон не сакал да направи компромис околу неколку аспекти од неговите нацрти кои клиентот сакал да ги промени. Способноста на Утзон, никогаш не била доведена во прашање и покрај сомнежи кои Хјуџис се трудел да ги разбуди кога се обидел да го претстави Утзон како непрактичен сонувач. Ове Аруп всушност има изјавено дека Утзон „најверојатно е најдобар од сите кои ги сретнал во неговото долгогодишно работно искуство со архитекти“ и дека: -„ Сиднејската опера би можела да стане најсовременото ремек дело на светот само ако му се пружи шанса на Утзон“ Во октомври 1965г., Уцон му доставил распоред на Хјуџис наведувајќи ги крајните рокови за завршување на некои делови од работите од Третата фаза. Во тоа време тој бил близок соработник со Ралф Симондс,почитуван произведувач на фурнир сместен во Сиднеј. Соработката продолжила и покрај предупредувањет на еден од инженерите на Аруп дека „ знаењето на Ралф Симондс за оптоварувањето врз фурнирот е екстремно сиромашно“ и дека техничкиот совет бил „ најблаго речено на најниско ниво и целосно неупотреблив за нивните цели“. Австралиската критичарка за архитектура, Елизабет Ферли, го обвинила соработникот на Аруп, Мајкл Луис за имање „скриени намери“. Во секој случај, кратко потоа Хјуџис ја повлекол дозволата за производство на фурнирни прототипи за ентериерот на Операта, па така врската помеѓу Утзои и клиентот никогаш не се подобрила. До февруари 1966г. Утзон должел повеќе од 100 000 долари за такси. Тогаш Хјуџис го запрел финансирањето на проектот, за архитектот да не може да си ги плати ни сопстевниот персонал. Владините документи сведочат дека после неколку закани за оставка, Утзон конечно го условил Дејвис Хјуџис велејќи му: „Ако не го сториш тоа, давам оставка“. Хјуџис на тоа одговорил: „Ја прифаќам твојата оставка. Многу ти благодарам. Збогум.“ Уцон го напуштил проектот на 28 февруари 1966г. Тој рекол дека одбивањето на Хјуџис да му ги плати долговите и отсуствотот на соработка е она што го предизвикало неговото заминување, а ситуацијата подоцна ја нарекол „Злоба во Земјата на грешките“ (“Malice in Blunderland“). Во март 1966, Утзон ја одбил понудата што му ја дал Хјуџис, да работи како „дизајнерски архитект“ со понизок ранг од извршните архитекти, без никаква надгледна моќ врз изградбата на операта. Утзон ја напуштил земјата и никогаш не се вратил. После оставката, имало доста полемики околу тоа кој бил во право, а кој не. Весникот „Д Сандеј Морнинг Хералд„- (The Sydney Morning Herald) објавил:„Ниту еден архитект немал поголема слобода од г-дин Утзон. Ретко кој клиент бил потрпелив и дарежлив од луѓето и владата на Нов Јужен Велс. Никој не би сакал да биде забележано во историјата дека оваа соработка завршила поради неконтролираниот темперамент на едната страна и неконтролираната злоба на другата.“ На 17 март 1966г. весникот повторно објавил: „ Не беше негова вина што новата Влада и Фондацијата на Оперската Куќа не успеаја да преземат контрола и ред врз проектот....Неговиот концепт беше толку голем предизвик што дури и тој самиот би можел да ги реши проблемие само работејќи чекор по чекор...инсистирањето на совршенство е она што го наведуваше постојано да го менува дизајнот на проектот со текот на работата.“ Меѓутоа, во една статија на „Харвард Дизајн Магазин“ –(Harvard Design Magazine) од 2005г. оксфордскиот универзитетски професор, Бент Флајвбјерг, вели дека Утзон бил жртва на прелевањето на буџетот за изградба, чија крајна висина била 1 400% над првичната.Прелевањето и скандалите што следеле го спречиле Уцон да создава други ремек дела. Според Флајвбјерг, тоа било вистиската цена на Сиднејската опера: -„Утзон имаше триесет и осум години кога победи на конкурсот за Операта...на кој начинработата на искусниот мајстор ќе ни ги збогатеше животите? Никогаш нема да дознаеме. Тоа е штетата што Сиднеј ја направи бидејќи не знаеше како да ја изгради Опера Хаус.“ Сиднејската опера им го отвори патот на многу комплексни форми во модерната архитектура. Нејзиниот дизајн беше еден од првите кои беа компјутерски потпомогнати за да се создадат сложени форми. Дизајнерските техники, развиени од Утзон и Аруп,за Сиднејската опера уште повеќе се развивале и денес се користат во блоб архитектурата, како што се делата на Гери, и во повеќето градби од армиран бетон. Овој проект е еден од првите во светот на кој се користел аралдит за да се спојат префабрикуваните структурни елементи и со тоа ја потврдил исправноста на концептот за понатамошна употреба. Оперската Куќа била прва и во машинското инженерство. Данската фирма, Steensen Varming, била одговорна за конструирање на нов погон за климатизација кој во тоа време бил најголем во Австралија и снабдувал со воздух повеќе од 17 000м3 во минута. Тоа било постигнато со употреба на иновативната идеја за искористување на заливската вода за да се создаде систем на топлинска пумпа со хидро-разладување која е сè уште во употреба.

Отворање Сиднејската Опера ја отворила Елизабета II, Кралицата на Австралија, на 20 октомври 1973г. Отворањето било масовно посетено. Архитектото Јорн Утзон, ниту бил поканет, ниту пак споменат. Се вршел и телевизиски пренос, а вклучени биле и огномет како и изведба на „Деветтата симфонија„ на Бетовен.

Први изведби Додека траела изградбата на Операта, за време на паузите за ручек, биле организирани мали претстви за работниците, од страна на Пол Робесон кој бил првиот уметник кој настапувал во (недовршената) Опера во 1960г. Повеќе настапи биле прикажани откако била завршена изградбата на Операта, но пред официјалното отворање: -Првиот рецитал на пијано го извела Ромола Константино во Концертната Сала на 10 април 1973г., пред поканета публика. - Првата изведена опера била „Војна и Мир“ на Сергеј Прокофиев, во, како што тогаш бил познат, Опера театар на 28 септември 1973г. Диригент бил Едвард Донс, музички директор на Австралиската Опера. (Оваа чест требало да му припадне на делото, „Обреди за премин“ на Питер Скалторп, но тоа не било сè уште подготвено. „Обреди за премин“ доживеало премиера скоро една година подоцна на 27 септември 1974г.) -првата вечерна оперска изведба била „Падот на Куќата на Ашер“ на Лери Ситски, диригирана од Рекс Хобкрофт. - Првиот јавен концерт во Концертната сала се одржал на 29 септември 1973г. Тој бил концерт на делата на Вагнер изведен од Сиднејскиот симфониски оркестар, диригиран од Чарлс Мекерас во придружба на сопранистката Биргит Нилсон. Првата изведена музичка точка била Увертирата во Die Meistersinger von Nürnberg. Концертот завршил со сцената на жртвување. - Првиот лид рецитал го дала Биргит Нилсон на 6 септември 1973 год, придружувана од Џефри Парсонс.

По отворањето: -Првиот концерт за виолина и пијано го одржала Ванда Вилкомирска, исто со Џефри Парсонс. -Првиот пејач кој настапувал во Операта бил Американецот Дик Роман.

Помирувањето со Утзон

Во доцните деведесетти години од минатиот век, Фондацијата на Сиднејската опера почнала да комуницира со Јорн Утзон во обид да предизвика помирување меѓу двете страни и да обезбеди негово учество во понатамошните промени на Операта. Во 1999г. Фондацијата го назначила Утзон за консултант за дизајн во понатамошните работи. Првата реконструирана внатрешна просторија била пуштена во употреба во 2004г. и во негова чест е наречена Собата на Утзон. Во април 2007г., тој предложил голема реконструкција на Опера театарот, како што тогаш бил познат. Утзон починал на 29 ноември 2008г. На комеморацијата, што се одржала на 25 март 2009г., со сите државни почести, во холот на Концертната сала на Сиднејската опера, присуствувале синот Јан и ќеката Лин. Се славела генијалноста на Јорн Утзон преку настапи, говори и сеќавања на истакнати личности од автралиската уметничка сцена. На 17 ноември 2009г. Сиднејскта опера официјално ги отвори обновените Западно крило и пристпните подобрувања, најголемите реконструкциски проекти завршени откако Јорн Утзон бил вратен на проектот во 1999г. Проектиран од Утзон и негвиот син Јан, во соработка со Ричард Џонсон од „Џонсон Пилтон Вокер“-(Jonson Pilton Walker), проектот ги трансформирал Западните фоајеа во стилизиран и функционален простор обезбедувајќи повеќе удобности како што се нови билетари, тоалети и гардероби. Многу важно е што новите ескалатори и јавниот лифт значано го олесниле пристапот на тешкопокретните лица, лицата со хендикеп и семејствата со детски колички. Истиот ден Лоу Соваж била најавена како првиот амбасадор на пристапноста на Сиднејската опера. На овој начин таа дава совети за спроведувањето на Стратешкиот план за пристап до Сиднејската опера со кој луѓето со хендикеп би добиле уште поголеми предности.

Спорт За време на Летните олимписки игри во 2000г. Операта била место на одржување на триатлонот. Тој се состоел од пливање (1,5км ) кај Фарм Коув, заедно со натпреварите во трчање и велосипедизам кои се одржувале во соседните Крласки ботанички градини.

Наводи

уреди
  1. „Sydney Opera House history“. Sydney Opera House Official Site. Архивирано од изворникот на 20 October 2013. Посетено на 17 October 2013.
  2. „2003 Laureate“. The Pritzker Architecture Prize. The Hyatt Foundation. Архивирано од изворникот 22 December 2015. Посетено на 19 December 2015.
  3. Braithwaite, David (28 June 2007). „Opera House wins top status“. The Sydney Morning Herald. Архивирано од изворникот 1 July 2007. Посетено на 28 June 2007.
  4. „Sydney Opera House 2015 Annual Report – Performing Arts“ (PDF). Посетено на 19 December 2015.[мртва врска]
  5. „How do you value an icon? The Sydney Opera House: economic, cultural and digital value“ (PDF). Deloite Access Economics. 2010. стр. 70. Архивирано од изворникот (PDF) на 22 December 2015. Посетено на 19 December 2015.